27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 30.04.2018 (Семинар) ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ 04.05.2018 (Семинар) МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT) 08.05.2018 (Бизнис средби) Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија 09.05.2018 (Семинар) Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ 16.05.2018 (Бизнис средби) Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија 29.05.2018 (Семинар) УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) 30.05.2018 (Семинар) ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата 30.05.2018 (Форум) Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград 12.06.2018 (Бизнис средби) БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија 19.06.2018 (Бизнис средби) Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ 07.11.2018 (Бизнис средби) Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија |
|||||||
Совет на странски инвеститориСовет на странски инвеститори / основни информацииСоветот на странските инвеститори е основан на 27.02.2006 година со Одлука за формирање Совет на странските инвеститори донесена од претседателот на Стопанската комора на Македонија. Советот е формиран заради обезбедување консултативни и советодавни мислења и предлози во остварувањето на целите и задачите на Стопанската комора на Македонија, нејзините органи и тела и се занимава со најзначајните прашања од економската сфера, особено за прашањата за поттикнување на инвестирањето во македонското стопанство. За членови на Советот се определуваат истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето. Советот како целина и неговите членови, како истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, користејќи ги своите знаења, искуства и согледувања за работењето во стопанствата на земјите од каде доаѓаат, како и за функционирањето на коморите во овие земји и нивното место и улога и релациите со државните органи по прашања од интерес за стопанстото, изградува и предлага, односно иницира до соодветните органи, облици на организирање и работење и телата на Комората, решенија за кои оценува дека ќе дадат најсоодветни резултати за поттикнување на странските инвестиции и воопшто во работењето и развојот на македонското стопанство. Советот работи согласно Принципи и начин на работата на Советот на странските инвеститори. Членувањето и ангажирањето во Советот е на доброволна основа. Работата на Советот ја организира и координира претседател со двајца потпретседатели. Претседател на Советот на странските инвеститори е Штефан Петер, кој е и воедно претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје Потпретседател на Советот на странските инвеститори е Ирена Јакимовска, директор на Комфи Ангел Во рамките на Советот на странски инвеститори, на конститутивната седница одржана на 6.4.2016 година е основана Асоцијацијата на автомобилската индустрија, a за нејзин Претседавач е избран господинот Аврам Стојчевски, генерален директор на Ван Хол Македонија.
http://www.fic.mk ![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Влатко Стојановски
Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|