23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.12.2017


Актуелно  

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ – ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ


Во насока на поефикасна интернационализација на стопанството во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 12.12.2017 година во Хотелот „Фени“ во Кавадарци, се  одржа Форум на тема: „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст”.

 

Воведно обраќање и кратко претставување на проектните активности од Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ имаше Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, со краток осврт врз надворешно-трговските состојби во регионот и бариерите со кои се соочуваат компаниите.

На Форумот свое обраќање имаше Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, кој ги претстави целите на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, како и активностите за 2018 година и истакна дека сите четири комори од Македонија се инволвирани во имплементацијата на овој проект и тоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопанкси комори на Македонија, како партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ од Скопје.

- Со тоа за прв пат се направи Платформа за обединување на сите четири комори од Македонија за полесно детектирање на проблемите на компаниите и наоѓање начини и можности за нивно поефикасно решавање, - истакна Димовски од „Епицентар“.

Преку презентација на резултатите од спроведената анкета за компаниите, што  секоја година се спроведува во рамките на овој проект, Љубомир Димовски ја објасни Анализата за оцена на бизнис средината во Македонија за 2017 година, спроведена од 387 компании и го истакна мислењето на компаниите за бизнис функционирањето во Македонија преку статистички показатели, при што ги повика присутните на дискусија да ги истакнат проблемите, да дадат идеи и да посочат сугестии.

На Форумот свое обраќање имаше и Тања Марковска, од Канцеларијата за економски развој на УСАИД во Македонија, која истакна дека УСАИД во Македонија  е веќе 25 години и посветено работи во делот на економскиот развој, а главен  фокус е подобрување на бизнис климата во Македонија, поттикнување на извозот и финансиска поддршка на компаниите.
- Извозот е многу важен за мала земја како Македонија, развивањето на нови производи и услуги со додадена вредност е значајно за компаниите и подобрувањето на конкурентноста на компаниите за настап на нови пазари, -посочи Тања Марковска.

Преку Проектот потребно е да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива, за преземање конкретни мерки за поддршка на компаниите и нивните извозни активности.

На Панел-дискусијата на тема: „Препораки и искуства за поттик на извозот и искуства од други земји“ свое излагање имаше господинот Рафаело Бенети, од ПРОМОС - Агенција за поддршка на италијанските компании за извоз при  Стопанската комора на Милано од Италија, кој даде препораки за поттик и поддршка на извозните компании.  Бенети истакна дека компаниите од Македонија и Италија се среќаваат со слични проблеми и тие не треба да бидат оставени настрана туку треба компаниите да ја прифатат интернацио-нализацијата поради големата странска конкуренција на домашниот пазар.

- Многу е важно во дадени региони компаниите заедно со коморите и со останатите институции, факултети, банки и други финансиски тела, заеднички да се фокусираат на проекти за заедничка соработка и пробивање на трети пазари и воедно да се работи на хармонизација и поедноставување на законската  регулатива, како и на финансиските инструменти за поддршка на малите и средните компании.

Претставниците на МБПР изнесоа податоци дека само 1% од целиот извоз е осигуран од страна на компаниите, што значи дека во иднина ќе треба да се работи на оваа проблематика, што повеќе компании да го осигуруваат својот извоз.

На Форумот над 30-тина претставници на компаниите од кавадаречкиот регион земаа активно учество во панел-дискусиите, при што се донесоа следните  поважни заклучоци:

- хармонизација на законската регулатива;
- финансиска поддршка на компаниите со помош на банки, проекти и други финансиски инструменти;
- потпишување билатерални спогодби со земјите од Блискиот Исток и Магреб;
- формирање на акредитирани тела за полесно издавање на сертификати за извоз.

Сите заклучоци кои беа истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите со цел да бидат поефикасно имплементирани во наредниот период.

Форумот е  имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

м-р Сања Николова
м-р Ирена Мојсовска

 

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права