23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ 24.04.2018 (Советување) Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници 24.04.2018 (Семинар) МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT) 26.04.2018 (Инфо сесија) Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија 26.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита 27.04.2018 (Семинар) ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 30.04.2018 (Семинар) ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ 30.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS) 08.05.2018 (Бизнис средби) Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија 29.05.2018 (Семинар) УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) 30.05.2018 (Форум) Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград |
|||||||
Награда на КоморатаКоморска награда
ОДБЕЛЕЖАНА 95 ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА НАЈСТАРАТА И НАЈБРОЈНАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА, СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Одбележувањето на годишнината беше збогатена со организирање на тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, иницирана од двегодишната работа на стопанските комори и нивните членки за развивање и практично заживување на една значајна иницијатива - Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји, која произлезе од потребата за нивно поврзување, заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во особено тешки времиња. По повод значајниот јубилеј, традиционално на овој настан се додели и Наградата на Стопанската комора на Македонија на следните компании- членки на Комората: ИГМ Трејд ДОО – Кавадарци; Мали хидроелектрани (МХЕ) – Скопје; Халкбанк АД – Скопје; Алкалоид АД – Скопје; Дуна комјутери ДОО Скопје; ЗЗ Единство, Тетово; Печатница Европа 92 ДООЕЛ Кочани. Специјални признанија на Стопанската комора на Македонија се доделија на г-дин МИНЧО ЈОРДАНОВ, претседател на Бордот на директори на МАКСТИЛ АД – Скопје и г-дин НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ, заменик генерален директор на Рудникот БУЧИМ ДОО – Радовиш.
________________________________________________
* трговски друштва - членки на Комората, од областа на стопанството за постигнати резултати во зголемувањето на производството, продуктивноста, економичноста во работењето и заштита на животната средина, најмалку три години едноподруго; * менаџери за постигнати особени резултати во унапредувањето на организацијата на работењето, производството, прометот и услугите, најмалку три години едноподруго; * инвеститори за постигнати резултати во зголемување на производството, поттикнување на економијата и воведување на нови технологии и нови технички достигнувања, во последната година; * трговци поединци за постигнување на посебни резултати во давањето на трговски услуги во последната година; * трговски друштва за најдобра веб страна според функционалност, корисност, креативност и дизајн во последната година. Иницијатива за доделување на наградите и признанијата можат да покренат органите, телата и облиците на организирање и работење на Стопанската комора на Македонија, трговски друштва и стручни здруженија. Предлозите со образложение се доставуваат до Стопанската комора на Македонија, ул. “Димитрие Чуповски” бр. 13 - Скопје, каде може да се добие и формулар за аплицирање, како и пооделните критериуми за условите и начинот на доделување на наградите и признанијата на Комората, по дејности, предложни од здруженијата и асоцијациите во рамките на Стопанската комора на Македонија, а прифатени од Одборот за награди и признанија. Одлуки и Регистар на добитници
МАКИНОВАМАКИНОВА, како традиционална интернационална изложба на пронајдоци, технички унапредувања, иновации, иновирани и нови производи И творештво на млади , се одржува традиционално секоја година во рамките на “Технома “ на Скопсиот саем во Скопје,во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Република Македонија СПАТУМ, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за економија- Биро за заштита на индустриска сопственост на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија, Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија и Скопскиот саем. Традиционално секоја година за најуспешните иновации на “Макинова” се доделуваат награди и признанија, плакети, повеќе парични награди, а највисоката награда Гран При (Преодниот пехар на Организациониот одбор) традиционално секоја година ја доделува Стопанската комора на Македонија.
![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Љупка Самарџиска
Тел: ++ 389 2 3244018 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ljupka@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|