16.10.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ - МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ

16.10.2018 (Форум)
Бизнис форум на земјите од Западен Балкан - 18 октомври 2018 година, Талин, Р. Естонија

17.10.2018 (Семинар)
ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Основни информации

Асоцијација за поддршка на медијацијата - АПМ


ФОРМИРАНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА (АПМ) ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА (15.7.2016)

Со донесувањето на Законот за медијацијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, 192/2015 и 55/16) и започнувањето на процесот на лиценцирање на медијатори според новиот Закон, се создадоа и услови за поголема афирмација на медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите.

Со цел да се обезбеди поголема поддршка и промоција на активностите на медијацијата, а врз основа на поднесеното барање и иницијатива на фирми во насока на поддршка на медијацијата, на конститутивната седница која се одржа на 15.7.2016 година во Стопанската комора на Македонија, беше формирана Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) како форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија.


 
Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија користејќи ги капацитетите, логистиката и можностите на коморското поврзување и соработка со коморите од регионот, Европа и пошироко, по природата на своето основање, првенствено ќе се насочи кон поврзување и соработка со слични Асоцијации од земјата и странство, со цел размена на искуства заради давање на поголема поддршка на медијацијата, како и поврзување со Здруженијата и Асоцијациите во рамките на Стопанската комора преку организирање на заеднички активности, презентации и сл.. Секако оваа Асоцијација ќе работи на усогласување на интересите во рамките на дејноста, ќе има задача да  учествува и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите на Асоцијацијата и да покренува иницијативи за донесување на закони и за измена и дополнување на истите, да иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите со други асоцијации и здруженија во рамките на Комората, како и да остварува меѓународна соработка, во согласност со програмските активности и општите акти на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата ќе остварува соработка со Комората на медијатори на РМ и со сите заинтересирани институции од РМ за поддршка на медијацијата. Исто така, Асоцијацијата своите активности ќе ги насочува кон унапредување на бизнис-климата во земјата и поттикнување на имплементацијата на пред се директивите на ЕУ, препораките на Советот на Европа и др. релевантни меѓународни документи од оваа област, како и други активности од дејноста се` со цел за остварување на подобри резултати.

На конститутивната седница, за претседател на Асоцијацијата беше избрана д-р Јелисавета Георгиева. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата усвои и генерални програмски насоки за работа во следниот период на Асоцијацијата меѓу кои се повеќе активности за организирање на настани за промоција и популаризација на медијацијата како ефикасен начин на решавање на споровите.

Тргнувајќи од фактот дека во Коморите една од главните цели е и поддршка на арбитражата и медијацијата како алтернативни начини на ефикасно решавање на споровите, и Стопанската комора на Македонија давајќи целосна поддршка на овој процес ги поканува и ги повикува да се вклучат во оваа Асоцијација сите заинтересирани страни, фирми, екперти и соработници од институциите преку поддршката и заедничка поголема промоција на медијацијата, со нивното знаење и искуство да се пренесат информациите до што поголем број на компании за оваа алатка.


Листа на лица кои согласно членот 46 ставови 1 и 2 од Законот за медијација(Службен весник на РМ број 188/13, 148/15, 192/15, 55/16) го положиле испитот за медијатори и на кои им е издадена Лиценца за вршење на медијаторски работи, и кои можат да вршат медијаторски работи согласно член 68а, став 1 од Законот за медијација (Службен весник на РМ број 188/13, 148/15, 192/15, 55/16): http://www.pravda.gov.mk/documents/ImenikKMR.pdf 

 


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје

Контакт лице : д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
Тел: (02) 3244031 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: jelisaveta@mchamber.mk


 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права