Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.02.2018


Актуелно  

ВО БИТОЛА ОДРЖАНА ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ


Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 06.02.2018 година во Битола се одржа настан на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и подготовка на предлог Закон за практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози.

 

Информативниот настан беше спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во проектот.

Целта на ваквата информативна сесија е да се посочат одредбите кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Овој вид на настани е наменет е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.
Како теми на настанот беа разгледани и споделени информации за:
   • Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи - предлози за подобрување на постоечките решенија и прецизирање на услови и процедури за едноставна примена на Законот при работењето на друштвата заради избегнување на правна и материјална несигурност и
   • Подготовка на предлог Закон за практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози - презентација на анализата од спроведеното истражување направено за студентите од факултетите и користење на мерките за практикантство на АВРМ
Настанот го проследија и во него зедоа активно учество околу 40-тина компании од битолскиот регион.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права