25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

08.10.2018


Ставови  

СТАВ: ВО СОЛУНА ГРОШ СОМУНА, ДО СОЛУНА СТО СОМУНА ...


http://www.mchamber.mk//upload/Branko1.jpgБранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Додека минатата недела во Комората бевме фокусирани на предлозите за новиот развоен концепт на македонската економија, во кој клучни приоритети треба да бидат индустријализацијата и унапредувањето на извозните потенцијали на домашната економија (прашања за кои се постигна широк консензус на научната конференција која се одржа во Охрид), една вест од медиумите не врати во суровата реалност - оштетувањата на бетонскиот мост на Црна Река го затворија железничкиот сообраќај на релацијата Велес-Гевгелија. Има ли крај на маките на Македонски железници, а со тоа и на македонската економија?

Зошто е толку важна оваа железничка делница? Затоа што е единствената железничка точка за поврзување со солунското пристаниште, кое претставува главна транзитна дестинација за македонскиот извоз. Пристаништето е со вкупна површина од 1,5 милиони квадратни метри, се простира на должина од 3.5 километри и има 6 пристанишни столбови, кои се распространети на 6.200 метри долг кеј.

Низ пристаништето во 2017 година поминале 3.569.045 тони стока, од кои повеќе од една четвртина е стока наменета за увоз и извоз во Република Македонија. Бројот на контејнери изработени во пристаништето во Солун сметано во TEU е 401.947, од кои за Македонија се наменети приближно 7%. Овие бројки неспорно говорат за стратешката позиција на ова пристаниште, како традиционално најискористена морска меѓународна врата преку која се реализираат меѓународните зделки.

Во изминатите години, особено соочени со проблемите на блокадите и штрајковите кои го оневозможуваа користењето на пристаништето, македонското стопанство се обидуваше да изнајде и други опции (Бургас и Варна во Бугарија, Драч во Албанија, Бар во Црна Гора), но сите инфраструктурни, технички и економски аспекти сé уште ги прават овие опции помалку исплатливи алтернативи. Секој ден од прекинот на можностите за користење на солунското пристаниште, за македонското стопанство се мери во илјадници евра загуби – со прекинот на железничкиот сообраќај особено е засегнат металуршкиот сектор, кој поради габаритот на производите има ограничени опции за алтернативен товарен транспорт. Затоа, се надеваме дека во најкус можен рок ќе бидат вложени сите напори за да се санира овој дефект и да се обезбеди непречен транспорт на овој коридор, а останува предизвикот на долг рок да се оспособат и другите алтернативи по должината на коридорот 8.

п.с. Изградбата на првата железничка линија во Македонија помеѓу Солун и Скопје била завршена на 09.08.1873 година, кога и пристигнал првиот воз во железничката станица Скопје, и тој ден се смета за почеток на железницата во Македонија. Впрочем, најголемиот дел од другите железнички делници биле изградени во првата половина на минатиот век.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права