23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Одлуки и иницијативи

Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите


23.6.2017 година -   НАТРУПАНИТЕ ПРОБЛЕМИ ОД ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА, ИЗНЕСЕНИ ПРЕД МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

Во присуство на министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржа седница на која се расправаше за актуелните состојби во градежништвото и за насоките за наредниот период.  http://www.mchamber.mk/(S(nzqy1v55prersbuixkfpvmb0))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=34831

 5.4.2017 - Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржа состанок (5.4.2017 година) со компании кои имаат концесии за експлоатација на минерални суровини  -  варовници, кварц, песок и чакал на повеќе различни локации  http://www.mchamber.mk/(S(uhggvbmik0um0u55s34cow45))/default.aspx?lId=1&mId=55&evt=2&evId=34626

16.3.2017 - Работeн состанок на Правната комисија при Здружение на градежништвото, индустријатана градежни материјали и неметалите

7.02.2017 година - Информација од седницата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали неметалите одржана на 7.02.2017 година

14.6.2016За квалитетен градежен производ потребно е и заокружување на законската регулатива расправано на седница на Здружението за градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите заедно со Македонската асоцијација на рударството - МАР

03.05.2016 - Средба меѓу македонски и турски компании од областа на градежништвото - ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ГРАДБА НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Во Стопанската комора на Македонија, на 3.5.2016 година, се одржа средба меѓу претставници на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали и турски компании кои се членки на Асоцијацијата на изведувачи и бизнисмени Торбали (ТOMIAD) од Измир – Турција.
На почетокот, Марија Петроска од Комората, поздравувајќи ги присутните, истакна дека Република Македонија и Република Турција имаат потпишано повеќе поважни правни акти со кои се олеснува економската соработка. Во последните неколку години, Турција е осми трговски партнер на Република Македонија.

30.03.2016 Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите -
- На заедничка маса – градежниците и сите инспекциски надлежни институции - Во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на 30.3.2016 година, во Комората се одржа состанок, на кој покрај членките, присуствуваа и претставници од пазарна и градежна инспекција, царина и Инспекциски совет. Темата на состанокот беше што нуди новиот Закон за градежни производи, како и кои документи треба да ги подготви производителот односно увозникот за пласман на производот на пазарот.
Како што истакна претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски, овој состанок е свикан на барање на членките на Здружението, од причина што досега многу пати е разговарано на оваа тема, но без присуство на институциите кои се надлежни за инспекциски надзор.

9.3.2016 - Градежниците ќе имаат полни раце работа во реализација на зацртаните активности во 2016 година - Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите на 9.3.2016 година, одржаа седница на која беше презентиран Државниот завод за статистика, а во другиот дел од седницата се расправаше за активностите во 2015 година и како и програмските насоки во 2016 година.

29.2.2016 - Прес на Здруженеито за грдаежништво -  Градежништвото – двигател на македонската економија - Бројот на активни градежни компании во Македонија, во 2014 година изнесува 4.349 кои учествуваат со околу 6,2% во вкупно активните компании во земјата. Малите компании со вработени од 0 (нула) до 19 работници (4.073 компании) учествуваат со околу 94,3%, додека средните и големите (249 компании) учествуваат со 5,7%. Учеството, кај вкупно активните компании во земјата, може да се каже дека нема големо отстапување, така што малите компании со вработени од 0 (нула) до 19 работници учествуваат со околу 95,1%, додека средните и големите со 4,7%. Како се развиваше градежништвото, така растеше и бројот н акомпаниите, така што во 1990 година, беа рагистрирани 317 комапнии, а денес имаме 4.349 компании.

28.4.2015 -Нов Управен одбор на Здружението на градежништвото, 
индустријата на градежни материјали и неметалите
- Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 28.4.2015 година, го разгледуваше извештај за петгодишниот период на работење, при што беше истакнато дека, активностите се одвиваа на седници на Здружението, седници на групациите, како и на голем број работни состаноци и средби, кои беа во согласност со програмите за работа на Стопанската коморана Македонија и на Здружението, како и актуелните проблеми со кои се соочуваа компаниите во тековното работење. На седниците најчесто се расправаше, во присуство и на претставници од ресорните министерства или други институции надлежни за темата за која е свикана седницата.

6.10.2015 - Градежниците ја поддржуваат иницијативата за имлементирање на Еврокодовите - На седницата на УО на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали одржана на 6.10.2015 година, се расправаше по Информацијата за имплементирање на Еврокодовите во Република Македонија, добиена од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, како и за предлог измени и дополнувања на одредени членови во Законот за јавни набавки.

11.6.2015 Здруженеито за градежништво расправаше по „Осврт за станбената изградба во Република Македонија и предлог за продолжување на важноста на стапката на ДДВ кај новоизградените становите“

7.4.2015 Средба на здруженијата за градежништво од Регионот - Во организација на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на 7 април 2015 година се одржа тркалезна маса на тема: „Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари“ на која присуствуваат претставници на здруженијата за градежништво од коморите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија и Македонија, како и повеќе фирми од Регионот. 

 Идеата за поврзување на компаниите од областа на градежништвото и индустријата на градежни материјали, како што беше истакнато и на претходните средби во Сараево и Белград, е пред се’, заради идентичните проблеми со кои се соочуваат компаниите во сите држави

10.2.2015 - Градежниците се залагаат за квалитетна градба и поголема контрола на увезените производи - Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 10.02.2015 година, расправаше за движењата и состојбите во градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите во изминатата 2014 година и видувања за 2015 година, при што беше истакнато дека, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на компаниите од градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите, бележи континуиран пораст, така што само компаниите од градежништво учествуваат со 6,)%, или вкупно од градежништво и производство на градежна материјали и неметалите, како и проектирањето, испитувањето на материјалите учеството изнесува околу 9,0%.

17.12.2014 - На седницата на Здружението на градежништвото, градежната и неметалната индустрија одржана на 17.12.2014 година на дневен ред беше  текстот на Предлог- Законот за градежни производи, потоа информирање на присутните за иницијативата на коморите од екс-ју простори за здружување на градежната оператива за настап на трети пазари, како и за состојбата во дејноста и приоритетни активности на Здружението во наредниот период.  

1.12.2014 Прес конференциај - УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНИШТВОТО И ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ПАЗАРИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ КАКО И НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

(Информирање од состанокот на претставниците на стопанските комори на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, одржан на 27.11.2014 година во Белград) 

21.2.2014 - Здружение на градежништвото, индустријата
на градежни материјали и неметалите-  Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите расправаше по текстот на Работна верзија на Граѓанскиот законик на  Република Македонија, на два состаноци, како и разменети мислења со експерти од областа на градежништвото, при што се искажа следното: Се поддржува иницијативата за донесување на Граѓанскиот законик на  Република Македонија, за кој се истакна дека има потреба од донесување на ваков документ. Во предложениот текст одредбите донекаде се јасни и недвосмислени, систематизираноста е добра, а термините веќе стануваат се појасни.

Се поддржува иницијативата за донесување на Граѓанскиот законик на  Република Македонија, за кој се истакна дека има потреба од донесување на ваков документ. Во предложениот текст одредбите донекаде се јасни и недвосмислени, систематизираноста е добра, а термините веќе стануваат се појасни.

28.2.2014 Здружение на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметали  - Иницијатива за заеднички настап на трети земји на градежните компании од земјите од Регионот

*Во Комората се одржаа семинари (03.10 и 8.10.2013 година) на тема: “Практична примена на Парвилникот за енергетски карактеристики на згради”,  >>>

* На барање на повеќе членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, а во соработка со ЗЕЛС – Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на 3.9.2013 година, беше организирана еднодневна обука за користење на информацискиот систем е-одобрение за градење, >>>

* Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите (27.8.2013 година) ја истакна потребата од донесување нов модел - договор меѓу инвеститорите иизведувачите   >>>

*„Скопски легури“ од Скопје пред градежни компании ги презентираше можностите за употреба на троската која се јавува како нус-производот во нивното производство (12.4.2013 година). Таа може, во зависност од начинот на ладење, да биде гранулирана и негранулирана.>>>

*Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 29.01.2013 година, расправаше по заклучокот на Владата за предлагање на нормативи за кало и растур во градежништвото >>>

 * Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 12.9.2012 година, третирајќи ги актуелните состојби во градежнишвото и во производството и пласманот на градежните материјали и неметали, со посебен акцент на влијанието врз станбената изградба, при што заклучи да до Министерството за транспорт и врски се достават следните Предлог- мерки за стимулирање на станбената изградба: >>> 

* Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на 16.03.2012 година расправаше по текстот на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, при што се отвори конструктивна расправа по предложените измени на Законот, се усвои следното М и с л е њ е >>>

* 13.9.2011 година Градежниците предлагаат: стапката на ДДВ кај становите да остане и понатаму 5%, а условите кај јавните тендери да бидат прилагодени и за македонските градежни компании >>> 

* На седницата од 13.9.2011  година, градежниците ја разгледуваа Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2011 – 2015 година, со посебен акцент на предидените инвестиции  >>>

* Во текот на март месец 2010 година, на барање на Министерството за транспорт и врски, од страна на членките на Здружението на градежништвото, индустрија на градежни материјали и неметалите, беше подготвено Мислење по новите предлог измени на Законот за градење и доставено до Министерството.  

* Во насока на продолжување на активностите и заложбите кои ги превзема Владата на Република Македонија за подобрување на бизнис климата во градежништвото, како и по повод отпочнување на проектот “АРМ мој вистински дом”, со кој за припадниците на АРМ е предвидена изградба на станови, на иницијатива на Министерството за одбрана и Министерството за транспорт и врски, на 13.4.2010 година во Домот на Армијата на Република Македонија, организиран е работен појадок со претпријатијата од градежништво.

* На покана на господин Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, на 19.02.2010 година, во Хотел Александар Палас беше организиран работен појадок со голем број  градежни компании.

* Здружението посебно внимание посвети на давање забелешки, мислења и предгози по предлог-законските решенија за просторно и урбанистичко планирање и за градење, кои беа донесени во 2005 година, а потоа се направени измени на истите во 2007 и 2008 година.

* Нови предлози за изменување и дополнување на Законот за градење (Службен весник на РМ, бр. 51/2005 и 82/2008) и Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, бр.24/2008) поднесени до Министерството за транспорт и врски усвоени од страна на Групацијата за градежништвото.

Контакт адреса : 
Стопанската комора на Македонија 
ул. Димитрие Чуповски, 13 
1000 Скопје

Контакт лице : Марија Петроска
Тел: (02) 3244017 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015 
E-адреса:
 marija@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права