
Тргнувајќи од карактерот на дејностите што ги опфаќа и од спецификите на секоја поединечна дејност, Здружението на сообраќаотј е од хетероген состав.
Во рамките на Здружението соодветна проблематика третираат следните дејности:
| 1. Копнен сообраќај; 2. Железнички сообраќај 3. Воден сообраќај 4. Воздужен сообраќај 5. Придружни и помошни активности во сообраќајот 6. Активности на други посредници во сообраќајот - шпедиција 7. Поштенски активности
|
На седницата на Здружението на сообраќајот одржана на 20 февруари 2013 година за претседател е избран Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, а на седница одржана на 3 февруари 2015 година со измена на Правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението, за заменик - претседател е избран Ѓино Шкријељ од Викторија шпед доо Скопје. На истата Седница за претставници во Собранието на Стопанската комора на Македонија, избрани се: Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, Зоран Богдански од ТАВ Македонија, Скопје и Ѓино Шкријељ од Викторија шпед ДОО Скопје.
Контакт адреса : Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје | Контакт лице : Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk |