22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Основни информации

Регионална комора со седиште во Кичево


 

Регионалната комора со седиште во Кичево се организира за членовите на Комората од општините: Кичево, Пласница, Македонски Брод.


Регионалната комора со седиште во Кичево, со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, од Ноември 2012  година започна со работа во Регионалната канцеларија со седиште во Кичево.

Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините Кичево, Македонски Брод и Пласница.

Регионалната комора со седиште во Кичево на седница ги донесува  Правилата за организацијата и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Кичево, избира претседател и потпреседатели на Регионалнта комора со седиште во Кичево кои по функција претсеедаваат и со Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево, на седница се избираат и членови на Управен одбор на  Регионална комора со седиште во Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево на седница одржана на 23.01.2015  усвои Одлука за избор на претставници во Собранието на Стопанската комора на Македонија.

За претставници од Регионалната комора со седиште во Кичево, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, се избираат:

1. Радован Ангелески, „ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“ – Кичево и
2. Касим Реџепи, ДОО „ПЕРПАРИМИ“ – Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на седница одржана на 08.6.2015 година, ги донесе Правилата за организацијата и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Кичево.


Регионалната комора со седиште во Кичево, на  седница одржана на 08.6.2015 година, донесе Одлука за избор на претседател и потпретседатели на Регионалната комора во наредниот мандатен период.

За претседател на Регионалната комора со седиште во Кичево, се избра:

- Игор Соколески, АД „ЕЛЕМ“, Подружица РЕК „Осломеј“ - Кичево.

За потпретседатели на Регионалната комора со седиште во Кичево се избраа:

- Алија Зулбеароски , „Еуро-Фикс“ ДООЕЛ Увоз-извоз - Кичево;
- Шасим Османи, „Хидринг“ ДООЕЛ Увоз-извоз – Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на  седница одржана на 26.6.2015 година, донесе Одлука за избор на членови на Управен одбор  на Регионалната комора со седиште во Кичево.

За членови на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево се избраа:

1. Игор Соколески, ЕЛЕМ РЕК ОСЛОМЕЈ , Кичево , Претседател
2. Алија Зулбеароски, ЕУРО-ФИКС , Кичево , Заменик претседател
3. Шасим Османи, ХИДРИНГ , Кичево , Заменик претседател
4. Осман Селмани, ДУУТ "АРАБЕЛА"  , Кичево
5. Асмедин Јаоски, ПУЦКО ПЕТРОЛ , Пласница
6. Весна Симеска, СИМЕСКИ , Кичево
7. Гоце Ѓурчиноски, СТОПАНСКА БАНКА Филијала Кичево , Кичево
8. Гоце Наќески, Ј.П. за Водоснабдување СТУДЕНЧИЦА  , Кичево
9. Даниел Данески, РАЗНОПРОМЕТ 2Д , Кичево
10. Душко Силјановски, АТВА , Кичево
11. Зеќир Зеќироски, МИРСАТ КОМЕРЦ , Кичево
12. Касум Реџепи, ПЕРПАРИМИ , Кичево
13. Гоце Аврамоски, ТАЈМИШТЕ , Кичево
14. Предраг Станковиќ, ИНТЕРФООД-80 , Македонски Брод
15. Радован Анѓелески, ТИМ ИНЖИНЕРИНГ , Кичево
16. Реџепи Џемаил, ПИЦЕРИЈА РОМА , Кичево
17. Сејдин Исени, ИСЕНИ КОМПАНИ , Кичево
18. Сулејман Нурчески, МСС-95 , Пласница
19. Урим Џафери, БАЉИ КОМЕРЦ , Кичево

 Регионалната комора во Кичево е задолжена за следниве активности:

- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
  - да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
 - да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
 - да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

Одлука за утврдување на регионални комори во рамките на Стопанската комора на Македонија

Архива 2010-2015

Контакт адреса :
Регионална канцеларија Кичево
ул. Кузман Јосифоски Питу, 1
6250 Кичево

Контакт лице :                             Дијана Лазороска Јованоска
Тел: (045) 257067  Факс:(045) 257067
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: dijana@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права