28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

14.09.2018 - 14.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ


Еднодневен семинар на тема:

ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14 септември 2018 година (петок)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

          Изработката на добар бизнис план е од особено значење за една компанија, особено ако се земе во предвид дека истиот го објаснува концептот на бизнисот, ги сумира неговите цели, ги идентификува ресурсите кои ќе му бидат потребни на бизнисот, дава опис како ќе се добијат тие ресурси и објаснува како бизнисот ќе ги оствари тие цели. Бизнис планот не е еднаш за секогаш поставен, истиот потребно е да се ажурира во текот на постоењето на компанијата и да ги следи промените во делокругот на работењето.
          На долг рок потребна е стратешка насоченост за остварување на Вашата визија! Пократкорочно пак, потребно е тактичко размислување за тоа како да се насочи бизнисот во правец на остварување на целите и мисијата. Токму тоа е задачата на бизнис планот - преку детална анализа на моменталните поставености во интерното и екстерното окружување и издржани проекции на идните пазарни трендови и насоки, истиот да се насочи правилно.
          За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 14 септември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „Изготвување на бизнис планови и економски анализи“.

ПРОГРАМА

1. ВОВЕД
   - Значењето од изработка на бизнис планови и економски студии;
   - Клучни елементи на бизнис планот;
   - Организациони аспекти при изработка на бизнис планот.

2. ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКЦИЈА ЗА БИЗНИС ПЛАН
   - Инвестиционен план за основни средства;
   - Проекција на приходи (вредносно и квантитативно);
   - Проекција на трошоци (нормативни, COGS, трошоци за плата, останати  трошоци);
   - Проекција на позициите на обртниот капитал и управување со обртниот капитал;
   - Проекција на билансот на успех и извештаи за готовинските текови.

3. АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД БИЗНИС ПЛАНОТ
   - Пресметка на показателите на профитабилност:
     • внатрешна стапка на поврат (IRR)
     • нето сегашна вредност (NPV)
     • период на враќање на инвестицијата
     • дисконтиран период на враќање
     • индекс на профитабилност

4. ПРЕГЛЕД НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕХНИЧКИ АЛАТКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН И ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА
   - Анализа на сензитивност;
   - Линеарно програмирање;
   - Monte Carlo симулација.

Предавач:

- Александар Илиќ, магистар на економски науки при Универзитетот во Белград, извршен директор на консултантската компанија „Certus consaltung“ од Р.Србија со повеќе од 10-годишно работно искуство во приватниот и во јавниот сектор, консултант во областа на инвестиционо-финансиски и менаџмент услуги. Во своето професионално искуство ја вбројува и специјализацијата на тема „Pricing Optimization Strategy“ (Стратегија на ценовна оптимизација) при Универзитетот Вирџинија во САД.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 10 септември 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права