ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
17.06.2019 👁 Прочитано: 372

„Рептил“ во соработка со „Кола“, „Колид С Тим“ и „Гемак“ донираа пакети за 150 семејства


Маркетите „Рептил“ во соработка со компаниите „Кола“, „Колид С Тим“ и „Гемак“ донираше по 150 производи од брендовите „бас сокови“, „карусо производи“ и „дон кафе“.

Заедно со останатите донатори, донирани се пакети кои се состојат од храна и средства за лична хигиенa кои oпштината Центар ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно се справуваат со предизвикот како да се прехранат.

Донациите се спроведуваат во рамките на проектот „Нула Глад“ кој општината Центар го реализира во соработка со невладината организација „Банка за Храна“.

Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства.

„Рептил“ во соработка со „Кола“, „Колид С Тим“ и „Гемак“ донираа пакети за 150 семејства