ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Успешни приказни
15.06.2019 👁 Прочитано: 737

Џеф Безос: Како ја донесов најтешката одлука во кариерата?!


Еден од најпознатите директори на денешницата Џеф Безос, бил многу познат и пред да го основа Амазон. Како компјутерски научник ги поминал младите денови на својата кариера во банкарството.

Во едно интервју рекол дека било неверојатно тешко да ја остави својата кариера која одела во нагорна линија како би го остварил својот сон и направил онлајн продавница за се. Можете и сами да процените дали тој направил грешка со тоа што одлучил да напушти сигурна, добро платена работа во претприемништвото.

Како што Безос раскажува, еден ден му рекол на својот шеф дека одлучил навистина да реализира луда идеја за која веќе неколку пати му раскажувал, да покрене компанија која ќе продава книги онлајн. Директорот му рекол :„Ајде да прошетаме“. После два часа одење во Централ парк шефот му рекол дека иако е импресивна неговата замисла, има многу да изгуби со таквата одлука. Го замолил да размисли уште 48 часа пред да донесе финална одлука. За тоа време Безос се обидувал да ја пронајде вистинската одлука.

„Сакав да се замислам себе со 80 години“, рекол Безос. Како што наведува знаел дека сака да биде дел од новитетите како што е интернет и знаел дека нема да зажали ако доживее неуспех но дека ќе зажали ако не се обиде. „Знаев дека тоа ќе ме прогонува секој ден и одлуката одеднаш стана неверојатно лесна“, рекол тој. Тргнал по својот сон, а останатото како што вели е историја.

И истражувањата го поддржуваат неговиот начин на донесување одлуки. Студиите покажуваат дека имаме тенденција во текот на животот многу повеќе да жалиме за работите кои не сме ги направиле отколку за неуспесите кои сме ги доживеале. Сепак, и сам Безос вели дека не треба вртоглаво да појдете за секој ризик, и ветувачка идеја. Важно е добро да се преиспитате пред да донесете важна одлука која може да го покрене текот на вашиот живот.

https://faktor.mk/dhef-bezos-kako-ja-donesov-najteshkata-odluka-vo-karierata

Џеф Безос: Како ја донесов најтешката одлука во кариерата?!