ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
04.07.2019
Настан
САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ- 4.07.2019
Познањ, Полска

Покана

САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ
4 јули 2019 година
Познањ, Р. Полска

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Полската агенција за инвестиции и трговија и Министерството за надворешни работи на Р. Полска, ве поканува да земете учество на претстојниот Бизнис форум и билатерлани средби  што ќе се одржат на 4 јули 2019 година, во рамките на Самитот на земјите од Западен Балкан во Познањ, Р. Полска.

     Во рамките на Самитот ќе се реализираат многубројни настани, панел дискусии, бизнис форуми и билатерлани средби со претставници од владиниот и невладиниот сектор и бизнис заедниците од 16 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Полска, Словенија, Италија и Велика Британија. Главната цел на Самитот е полесна интеграција на регионот на Западен Балкан со земјите од Европската унија, преку креирање синергија меѓу светот на политиката со граѓанските општества и бизнис круговите.

     Овогодинешниот настан претставува прв чекор за идна соработка меѓу Северна Македонија и Полска, со цел натамошно проширување и развој на компаниите, но и продлабочување на соработката меѓу бизнис секторот од сите 16 земји учеснички, што всушност е отсликано и во мотото на Самитот: „Да растеме заедно“.

     На овогодинешниот Бизнис форум главен акцент ќе се стави на дигиталниот и ИТ-секторот, прехранбениот и земјоделскиот сектор и енергетиката, но поради големината на настанот, добредојдени се компании и од сите останати сектори.

     Повеќе информации за Самитот на Западен Балкан и Бизнис форумот, можете да најдете на: https://www.gov.pl/web/diplomacy/poznan-summit.

    Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават бесплатно на „on-line“ платформата за билатерални средби, на следниот линк: http://www3.paiz.gov.pl/Western_Balkans_Summit/ .

За дополнителни информации, контактирајте ги лицата за контакт:
м-р Сања Николова, тел: 02 3244 091, e-адреса: sanja@mchamber.mk и
д-р Татјана Штерјова, тел: 02 3244 065, e-адреса: tatjana@mchamber.mk .


Пријави се електронски

Контакт лице:
Сања Николова
Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 390 009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
д-р Татјана Штерјова
Телефон: ++ 389 2 3244065, М: 070 276-023
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Tatjana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје