Бизнис-настани

09.03.2018 - 09.03.2018


Презентација Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат, Скопје,  Македонија

„УПРАВУВАЊЕ СО ЗАГУБА НА ВОДА ВО ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ НА КОМПАНИИТЕ“


„УПРАВУВАЊЕ СО ЗАГУБА НА ВОДА ВО ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ
НА КОМПАНИИТЕ“

9 Март 2018 година (петок), 11:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Во насока на запознавање и зголемување на свеста на македонските компании со проблематиката на загубите на вода во водоводните системи, компанијата Аквасеив ДОО Скопје ќе одржи презентација на можностите за заштеда на водните ресурси на комерцијални и индустриски објекти, jавни институции, општини и комунални претпријатија.
 Активностите кои ги нуди Аквасеив ДОО овозможуваат намалување на загубата на вода преку откривање на оние скриени дефекти на водоводната мрежа кои ја зголемуваат потрошувачката на вода, а со тоа и сметките за вода. Преку дополнителна анализа на потрошувачката на вода, се утврдуваат местата на нерационално користење на водата и предлагаат мерки за нејзино намалување.
 Со денешниот скап живот и трошоци за работење, комуналните претпријатија не можат да дозволат нивните приходи за вода едноставно да се одлеваат под земја, а комерцијалните субјекти и институции да плаќаат непотребно повисоки сметки за вода која не ја потрошиле за свои потреби.

Експертизата на Аквасеив ДОО, меѓудругото, вклучува:
• Мониторинг на проток/потрошувачка на вода и притисок, анализа на загуби на вода и предлози за нејзино намалување.
• Систематско испитување на водоводните и топловодни инсталации и прецизно одредување на местото на дефект.
• Лоцирање траса на непозната метална и неметална водоводна и топловодна инсталација.
• Лоцирање на затрпани капи од затварачи и хидранти и капаци од шахти.
• Намалување на загубата на вода преку редукција на притисокот на минимално дозволено ниво.
• Продажба на уреди за заштеда на вода (од 48% до дури 84%) кои се инсталираат на постојните чешми и казанчиња.
• Преглед и снимање на состојбата на канализациони цевки со камера.

На презентацијата ќе бидат претставени и производите на компаниите кои ги застапува Аквасеив ДОО, швајцарската фирма за регулатори на притисок Cla-Val (https://www.cla-val.com), италијанската фирма за електромагнетни мерачи на проток Isoil Industria (http://www.isoil.it/u_index.asp), и хрватската фирма за кастимизирани ГИС решенија за водовод и канализација Protok (http://www.protok.com/web/hr).

 Презентацијата ќе се одржи на 9 март 2018 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

 Вашиот интерес за присуство на презентацијата, Ве молиме, да го најавите најдоцна до 7 март 2018 година, на контакт лице: Даниела Михајловска Василевска, е-адреса: daniela@mchamber.mk   
 Презентацијата ќе ја реализира - Бојан Ристовски, експерт за загуби на вода, сопственик и директор на Аквасеив ДОО, член на Меѓународната асоцијација за вода/Специјалистичка група за загуби на вода, со искуство од над 20 години во областа на управување со загубите на вода. Истовремено, работи и како консултант на повеќе проекти финансирани од Светска Банка (World Bank), Германска техничка соработка (GIZ), Европска Унија (EU) и др. во областа на управување со водните ресурси.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Даниела Михајловска
Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права