23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

18.10.2017 - 18.10.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година


Методологија

Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок.

По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука.

Целна група:
Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.

Програма

Во текот на обуката ќе бидат опфатени следните тематски целини:
 
1. Закон за работни односи и етика во работењето
   - Начела на Законот за работни односи;
   - Договори за работа;
   - Прекршочни одредби и
   - Етика.

2. Соверемени предизвици на менаџментот на  човечки ресурси:
  - Поим и значење на менаџментот на човечки ресурси;
  - Стратегиски менаџмент на човечки ресурси;
  - Основни функции на МЧР;
  - 8 основни чекори за воспоставување сектор за човечки ресурси во компанијата и
  - Дефинирање на организационата структура на секторот за човечки ресурси и работните процеси.

3. Лидерство и личен развој 
  - Лидерство – единствен печат на поединецот и организацијата;
  - Дефинирање на улогата на менаџерот во претпријатието;
  - Управување со тим;
  - Управување со стрес и конфликти и
  - Личен развој.

4. Поим за организациона структура и култура од аспект на МЧР
  - Дефинирање на поимот на организациона структура;
  - Формална и неформална организација;
  - Дефинирање на поимот на организациона култура и
  - Интегриран модел на промена во организационата култура.

5. Регрутирање и селекција на вработените
  - Дефинирање на потребите;
  - Изработка на планови за вработување и буџетирање на истите;
  - Водење на процеси за регрутирање и селекција и
  - Координација и спроведување на процесот на воведување во работата.

6. Од кадровска до стратегиска функција на човечки ресурси
  - Кадровска служба во организацијата и
  - Стратегиска функција на човечките ресурси.

Дополнителни информации:

  • Предавањата се распоредени во 11 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно.

  • Обуката започнува на 23 ноември 2017 година и ќе се реализира со следната динамика:
  - Модул 1 – 23 и 24 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 2 – 28 и 29 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 3 и 4 – 4, 5 и 6 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 5 – 13 и 14 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 6 – 19 и 20 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;

   • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници.

   • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик.

   • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија.

   • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за   образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и   успешно положен финален испит.

Тренери:

Доц. д-р Љупчо Ефтимов

Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија.


М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ

Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП)  - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции:
- заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград;
- консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград;
- директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград;
- директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград.


Д-р Зоран Михајлоски

Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Котизација за учество:
- 27.900 + ДДВ денари за 1 учесник;
- 10% попуст за секој нареден учесник од иста компанија, студенти и невработени лица

* Тренинг-обуката ќе се реализира доколку е оформена група од минимум 10 учесника.

Краен рок за пријавување: 15.11.2017 година


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права