Бизнис-настани

12.06.2018 - 12.06.2018


Семинар ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ,  Македонија

ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ


Еднодневен семинар:

ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.6.2018  година (вторник)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Овој семинар е наменет за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современите односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР,  структура на содржина, визуелни приказни, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Како прима вести современата публика од аспект на време, перцепција, разбирање?
- Кои се функционални алатки на современите односи со јавноста?
- Како се креира вест од информација?
- Градење однос со медиумите и новинарите;
- Медиуми: традиционални и дигитални. Како да ги комбинираме?
- Како се креира контент?
- Како се раскажуваат визуелни приказни?
- Визуелни приказни: како да комуницираме денес со намалено внимание од публиката?
- Како да таргетираме различни генерации на купувачи?
- Кризен ПР.

Програма:

- Разбирање на современата публика и намаленото внимание;
- Рекламирање, односи со јавност, лична продажба, директен маркетинг и промоција;
- Медиуми: традиционални и дигитални;
- Социјални мрежи и визуелни комуникации;
- Релации со медиуми;
- Креирање содржина;
- Креирање вест од информација;
- Кризен ПР;
- Вежба.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации:

- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со таргетираната јавност;
- Приближување и преференција кај медиумите;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Минимизирање на трошоците за маркетинг и односи со јавност;
- Подобрување на комуникациите со медиумите;
- Контрола врз вестите за компанијата;
- Управување со кризен ПР.

Предавач:

Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односите со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханиби“’ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. 
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на старт ап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено-одговорна природа, насочени кон категорија загрозени деца од социјален и здраствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одоворност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидицсиплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми.
 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 8.6.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права