Бизнис-настани

30.01.2018 - 30.01.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ


Еднодневен семинар на тема:

ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ
НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30 јануари 2018 година (вторник)
9:30 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


        Безбедноста на информациите и воспоставување контрола е многу важно, но кога безбедноста на информациите не е загрозена може да се случи да се загрози интегритетот на податоците, односно информациониот систем да биде недостапен или несигурен. Како и во ИТ-безбедноста, пропустот може да не се забележи веднаш кога е направена штетата.
       Дефинирање на ИТ-контролата, нејзината примена и соодветен третман на ИТ-ризиците можат да бидат добра основа за безбедно користење на напредните технологии, во насока на остварување на целите на компанијата. Редовна контрола на ИТ-системите и континуирано унапредување може да резултира со бенефиции од истите, што ќе се рефлектира со постигнување на посакуваните резултати преку ефикасен и ефективен начин. 
       За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 30 јануари 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Воведување и управување со контролните пристапи на ИТ-системите“

Целта на семинарот е учесниците да: 

• ги совладаат основните видови контрола кои можат да се применат;
• се запознаат со различни модели на безбедносни системи;
• се запознаат со биометриски системи на заштита;
• прикажат на кои се начини може да се користи криптографијата во контрола на пристапот;
• се запознаат со физичка безбедност на системите.

Целна група на семинарот:

        Семинарот е наменет за раководителите и вработените во ИТ-службите, службите за безбедност на информациониот систем и служби за управување со континуитетот во работењето, вработени во сектори каде што има потреба да се зголеми нивото на контрола над ИТ-процесите, лица одговорни за заштита на деловни информации и управување со оперативен ризик.

ПРОГРАМА
- Видови контрола;
- Запознавање со моделите на безбедносни системи;
- Централизирано управување;
- Биометриски системи;
- Употреба на криптографија;
- Физичка безбедност.

Предавач:

- доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија;

Работен јазик за време на семинарот: српски јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 25 јануари 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права