25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Совет на странски инвеститори

Совет на странски инвеститори / основни информации

Советот на странските инвеститори е основан на 27.02.2006 година со Одлука за формирање Совет на странските инвеститори донесена од претседателот на Стопанската комора на Македонија.

Советот е формиран заради обезбедување консултативни и советодавни мислења и предлози во остварувањето на целите и задачите на Стопанската комора на Македонија, нејзините органи и тела  и се занимава со  најзначајните прашања од економската сфера, особено за прашањата за поттикнување на инвестирањето во македонското стопанство.

За членови на Советот се определуваат истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето.

Советот како целина и неговите членови, како истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, користејќи ги своите знаења, искуства и согледувања за работењето во стопанствата на земјите од каде доаѓаат, како и за функционирањето на коморите во овие земји и нивното место и улога и релациите со државните органи по прашања од интерес за стопанстото,  изградува и предлага, односно иницира до соодветните органи, облици на организирање и работење и телата на Комората, решенија за кои оценува дека ќе дадат најсоодветни резултати за поттикнување на странските инвестиции и воопшто во работењето и развојот на македонското стопанство.

Советот работи согласно Принципи и начин на работата на Советот на странските инвеститори.

Членувањето и ангажирањето во Советот е на доброволна основа.

Работата на Советот ја организира и координира претседател со двајца потпретседатели.

Претседател на Советот на странските инвеститори е Штефан Петер, кој е и воедно претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје

Потпретседател на Советот на странските инвеститори е Ирена Јакимовска, директор на Комфи Ангел

Во рамките на Советот на странски инвеститори, на конститутивната седница одржана на 6.4.2016 година е основана Асоцијацијата на автомобилската индустрија, a за нејзин Претседавач е избран господинот Аврам Стојчевски, генерален директор на Ван Хол Македонија.

 

 

http://www.fic.mk
http://www.fic.mk/association-of-automotive-industry.nspx



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Влатко Стојановски
Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: vlatko@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права