23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Одлуки и иницијативи

Здружение на комуналните дејности


Презентација на можностите за заштеда на водните ресурси во  компаниите и во комуналните претпријатија, 24.02.2016 год.
МОЖНОСТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СКРИЕНИТЕ ДЕФЕКТИ И НЕРАЦИОНАЛНОТО КОРИСТЕЊЕ
Компанијата „Аквасеив“ ДОО - Скопје пред заинтересираните фирми членки на Стопанската комора на Македонија, ги презентираше можностите на заштеда на водните ресурси на комерцијални и индустриски објекти, во jавни институции, во општините и комуналните претпријатија (во случај на добивање високи месечни сметки за вода, а под сомнеж дека се резултат на нереално пресметана потрошувачка или можност за дефект на водоводната инсталација). 


Заинтересираните компании беа информирани за начините како да ги намалат загубите на вода преку откривање на оние скриени дефекти на водоводната мрежа кои ја зголемуваат потрошувачката на вода, а со тоа намалување и на сметките за потрошената количина вода. Беше презентиран и моделот како преку дополнителна анализа на потрошувачката на вода, се утврдуваат местата на нерационално користење на водата и се предлагаат мерки за нејзино намалување преку инсталирање и користење на уреди за заштеда на вода.


Сопственикот на фирмата, Бојан Ристовски, инау член на Меѓународната асоцијација за вода и консултант на повеќе проекти финансирани од Светската банка, Германската техничка соработка (GIZ), Европската унија и др,. во областа на управување со водните ресурси, со над 20 години искуство во дејноста,  во рамките на презентацијата објасни што се` вклучва експертизата на компанијата, како и што се` може да се научи преку реализирање обука на соодветниот технички кадар во компаниите и институциите, потрошувачи на вода. 
 Денешната презентација согласно големиот интерес на учесниците, беше само уште еден во низата успешни примери дека Стопанската комора на Македонија е местото каде бизнис-секторот со меѓусбено поврзување и размена на исуство и знаење може да го подобри и да воведе новини во своето работење.


Даниела Михајловска Василевска

 

Здружението на комунални дејности со претставници на планските региони разговараше за Претстојниот ИПА проект за 4-те плански региони (Пелагонија, Југозападен, Вардарски и Скопски регион) за кои ќе се изработува Регионален план за управување со отпад, 01.12.2015 година

 

Здружението на комунални дејности на седница со претставници на планските региони, во Стопанската комора на Македонија разговараше за Претстојниот ИПА проект за 4-те плански региони (Пелагонија, Југозападен, Вардарски и Скопски регион) за кои ќе се изработува Регионален план за управување со отпад, 01.12.2015 година. >>>
 Со седницата раководеше г-дин Златко Ристески претседател на Здружението на комунални дејности. Уште на самиот почеток, беше отворена дискусија за Претстојниот ИПА проект за 4-те плански региони (Пелагонија,  Југозападен, Вардарски и Скопски регион) за кои ќе се изработува Регионален план за управување со отпад, со осврт на: стратегиската оценка на планот, оценка на влијанието на животната средина, финансиската студија, физибилити студијата и проектен дизајн за регионални депонии и трансфер станици во овие 4 региони.

  

Презентер на оваа тема беше г-ѓа Ана Каранфилова Мазнева, раководител на сектор за управување со отпад од министерство за животна средина и просторно планирање, која ги информираше присутните за придобивките од проектот „Воспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Скопски, Вардарски, Пелагониски и Југозападен плански регион“, за обврските што ќе произлезат за засегнатите страни, во случајов, Општините, Планските региони, Јавните комунални претпријатија, нивната комуникација со ресорното министерство. Беше потенцирано дека ова е завршна фаза на евалуација, пред потпишување на проектот, кој треба да трае 2 години и да заврши заклучно со 2017 година.
Крајната цел на овој проект е да се дефинираат реалните количините на отпад што ги генерираат регионите, видот на отпадот и сл. (нешто што во овој момент недостасува), се со цел по завршување на истиот да може да се бараат инвеститори кои би вложувале во нови депонии, реконструкција на дел од постојните и сл.
Претставниците на планските региони и од комуналните претпријатија, посочија на проблемот со дивите депонии кои и сега постојат, а за кои во овој момент нема ниту законска рамка каде да се дислоцираат. 


На прашањето на кој начин ќе се мерат количините на отпад во регионите, претставниците на министерството за животна средина информираа дека ќе бидат изнајмувани ваги, ќе биде применета соодветна методологија, но која се уште не е дефинирано. Проектот ќе треба да утврди и со каква се механизација располагаат јавните комунални  претпријатија. 
Од комуналните претпријатија посочија дека клучен проблем во реално утврдување на количините на отпад на ниво на целата територија на Македонија е што ги нема информациите од јавните комунални претпријатија, за тоа колкави количини и каков вид на отпад собираат.  

Присутните беа информирани дека министерството за животна средина во изминатите години работеше на утврдување на стратешка рамка за целите на воспоставување на интегрирано управување со отпадот, а потоа и на потребната документација за секој од регионите. Овој процес покажал дека општините немаат доволно институционални и финансиски капацитети за да пристапат кон воспоставување на вакви системи, поради што иницијативата ја превзема централната власт преку Министерството за животна средина и просторно планирање која целиот процес го води во соработка со општините, односно регионите, а во отсуство на доволно финансиски средства, истите  ќе бидат обезбедени преку финансирање на овој процес од ИПА програмата!
За таа цел веќе се формирани 8 меѓу општински одбори за управување со отпад, а констатирано е дека регионалните центри за управување со отпад се уште немаат  официјално својство на правно лице, активни Регионални центри има само во два региона, во Источниот и Североисточниот плански регион.
Согласно планираното во проектот „Воспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Скопски, Вардарски, Пелагониски и Југозападен плански регион“, Каранфилова Мазнева ги информираше присутните на состанокот  дека, се донесени регионалните планови за управување со отпад со постапката за Стратегиска оцена на животната средина на овие плански документи, во тек е изработка на технички спецификации за набавка на опрема (возила и канти) и проектна документација за затворањето на нестандардните депонии во овие два региона, а во јануари (идниот месец), ќе започне проектот "Подготовка на проектни студии (физибилити студии, студии за влијанието врз животната средина Проценка, трошоци-придобивки анализи), главни проекти и помош во подготовка на тендерска документација за изградба на претоварните станици за отпад и депонии во согласност со стандардите на ЕУ во источниот и североисточниот плански региони ", во износ од 2,5 милиони евра (24 месеци). Планото е во 2017 година, преку ИПА 2, да се финасираат  инфраструктурни проекти за изградба на две регионални депонии и претоварните станици за отпад.
Согласно предлогот, проектот ќе биде координиран од надзорен комитет составен од претставници од повеќе институции, но на состанокот беше потенцирано дека од исклучителна важност е вклучување и активно следење на целокупниот проект од страна на претставници на планските региони и Јавните комунални претпријатија.
На крајот на седницата, од страна на претставниците на министерството за животна средина и просторно планирање, беше посочено дека Планските региони ќе имаат клуча улога во успешното реализирање на проектот, од аспект на преземање на улогата на координирање на активностите согласно проектот во рамки на регионот, комуникација со комуналните претпријатија, со општините конкретно со секторите за комунални дејности, се со цел, да се препознае зошто е од исклучителна важност успешното реализирање на проектот. За таа цел, министерството изразува надеж дека и од претставниците на планските региони ќе биде препознаена важноста на оваа активност и дека ќе се вклучат активно во реализација на истата. 

       Даниела Михајловска Василевска

 

Здружението на комуналните дејности бара да се одложи примената на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за јавни службеници во јавните комунални претпријатија, 10.02.2015 год.
ПОМЕСТУВАЊЕ НА СТАРТОТ ЗА ЕДНА ГОДИНА ЗА ДА СЕ СРЕДАТ НЕДОРАЗБИРАЊАТА


 Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на денешната седница дискутираше за проблемите во имплементацијата на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за јавни службеници, чија примена почнува на 13.02.2015 година. Претставниците на компаниите од комуналниот сектор, како и од водостопанските претпријатија алармираат дека иако за два дена почнува примената на овие закони, тие не можат да постапат по законите поради неколку проблеми.
 Овие закони се спорни поради тоа што многу доцна после најавениот рок се објавени каталогот за работни места и подзаконските акти, а за поголемиот дел на вработените во јавните комунални претпријатија нема валоризација на работните места. Новиот Закон за плати се` уште не е стапен на сила. За водостопанските претпријатија проблем е што нивно матично министерство под кое функционираат е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а таму не се предвидени со категоризацијата на работни места. Како дополнителен проблем на состанокот беше посочено дека јавните комунални претпријатија се регистрирани од општините и се финансираат од цените на услугите што ги нудат, односно не се финансираат од страна на државата. Оттука, според нив нелогично е да бидат третирани во ист кош со сите вработени во државните установи. 
 Инаку, на состанокот беа присутни и претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, кои на присутните претставници од комуналните и водостопанските фирми им посочија дека Законот нема да се одложи,  дека тие ќе мора да го приспособат своето работење на двата нови закона, а за делот на валоризација на работите места ги упатија да ги договараат со министерствата за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сепак, тие оставија простор дека во следниот период ќе има можност за организирање работилници и семинари, во насока на допрецизирање на недореченостите и нејаснотиите, а оставена е можност и за корекции во каталогот на работни места, во од, како ќе бидат пријавувани одредени проблеми. 
 Сепак, на крајот на состанокот беше донесен Заклучок, Здружението на комуналните дејности официјално да побара одложена примена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за јавни службеници во комуналните претпријатија за една година. За јавните водостопански претпријатија, пак се заклучи да се побара под итно заеднички состанок со претставници од Министерството  информатичко општество и администрација и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се предочи на ситуацијата во која се наоѓаат овие јавни претпријатија.
     Даниела Михајловска Василевска

 

РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ ПО КАТАЛОГ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, 23.09.2014

Министерството за информатичко општество и администрација работи на изготвување на каталогот за работни места, обврска што произлегува од законот за вработените во јавниот сектор кој треба да почне да се применува од 13 февруари 2015 година. Тоа значи дека, сите вработени во јавните претпријатија, без оглед дали станува збор за јавни претпријатија формирани од државата или на општинско ниво, систематизацијата на работни места, ќе траба да ги утврдат работните позиции во претпријатијата според единствениот каталог на работни места. Каталогот, чија примена се врзува за почеток на примена на законот за вработените во јавниот сектор, е во фаза на изработка. За таа цел претставници на министерството за информатичко општество на терен работат со претставниците на бизнис секторот во насока на усогласување на работните позиции. Различни јавни претпријатија, од различни општини, и согласно начинот на кој се формирани имаат различни работни позиции. Во овој момент се прибираат информации од сите јавни претпријатија, вклучително и комуналните по што ќе следува фаза на усогласување на позициите согласно законите на кои подлежат вработените на општинско ниво или на државно.
Здружението за комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, денеска одржа состанок со претставниците на министерството за информатичко општество и администрација. При тоа беше посочено дека дел од јавните претпријатија имаат специфична ситуација во која дел од вработените се ангажираат на повеќе работни позиции, со што не може точно да им се утврди работното место според вакво каталог. Како друг проблем беше посочен фактот што во различни комунални претпријатија, вработени на иста работна позиција имаат различен степен на образование и различно звање. На состанокот беше побарано, јавните комунални претпријатија да може да ја добијат работната верзија на тоа што досега е прибрано како податоци кои треба да бидат вметнати во каталогот.
Пред присутните членови на здружението за комунални дејности, претставниците на министерството за информатичко општество и администрација посочија дека категоризацијата на работните места во јавните претпријатија е веќе усогласена во матичните закони на кои вработените припаѓаат. Со овој каталог сега само се дефинира профилот на работни места, работните позиции. Каталогот како форма на дефинирање на работните места се применува во голем дел од земјите членки на Европската унија, посочија од МИОА, а целта е да се обезбеди взаемно признавање на работните квалификации на вработените во јавниот сектор во Македонија и во другите европски земји. Досега во министерството е евидентирано дека постојат 1056 јавни институции, со повеќе од 5.000 работни позиции.
На крајот на состанокот беше договорено, за една недела да се дособерат сите забелешки од јавните претпријатија, чии претставници беа присутни, по што ќе следува втора фаза во која  ќе се пеглаат разликите во работните позиции кои сега постојат во различни јавни претпријатија.

Даниела Михајловска Василевска

 

 Јавните комунални претпријатија ќе треба да се раздвојат по дејности  за да се овозможи инвестирање на средства од европските фондови со цел нивна модернизација и усовршување. 28.02.2014 год.

Здружението за комунални дејности при Стопанската комора на Македонија одржа состанок на кој се разговараше по Предлог- заклучок од седмата седница на Комитет за здравје и животна средина одржана на 16.01.2014 година, како и заклучок од 171 седница на Владата на РМ одржана на 22.01.2014 година, со која се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање да изработи информација за раздвојување на комуналните претпријатија во градовите.
За таа цел на состанокот покрај претставници на јавните комунални претпријатија, беа присутни и Ана Каранфилова Мазнева и Ленче Ќурчиева од министерството за животна средина,  и Елена Петкановска од министерството за локална самоуправа.
Претставникот на министерството за животна средина, Ана Каранфилова Мазнева информираше дека министерството има обврска до јуни да достави информација за превземените активности околу идејата за поделба на јавните комунални претпријатија по дејности. Како што информираше оваа обврска следува по констатирање на ситуацијата дека комуналните претпријатија, така како што се сега поставени, многу потешко може да аплицираат и да добијат финансиски средства од европските фондови за нивно усовршување, модернизација, бидејќи Европската унија како што посочи многу тешко се одлучува да финансира една дејност преку компанија која во своето работење имплементира повеќе дејности, а при тоа  секој од поединечните дејности има различна економска оправданост за своето постоење.
Претставниците на комуналните претпријатија дискутираа по информацијата со изнесување на забелешки дека поделбата на комуналните фирми е специфична ситуација и треба внимателно да се реализира. Можеби има градови каде тоа може да се имплементира, но во помалите градови внимателно треба да се одлучува за ваквата намера.
За таа цел беше констатирано дека во следниот период Здружението за комунални  дејности ќе изготви информација во која ќе се анализира можноста за поделба на јавните комунални претпријатија по дејности но при тоа ќе биде побарано да се дефинира до која големина на градови ќе треба да се прави анализата и со колкав рок на прилагодување би била ваквата трансформација. 
Во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, комуналните претпријатија се веќе поделени и секоја од комуналните дејности е управувана од посебно Јавно претпријатие.

Даниела Михајловска Василевска


 


Донесен Кодексот на етичко однесување на деловните субјекти од комуналните дејности.

Здружението на комунални дејности на состанокот одржан на ден 19.06.2013 година во Стопанската комора на Македонија со која раководеше г-дин Златко Ристески претседател на Здружението на комунални дејности го усвои Кодексот на етичко однесување на деловните субјекти од комуналните дејности. На истиот беа присутни и претставниците од министерството за економија, г-ѓа Нериман Џеладини, г-ѓа Мира Блажевска и г-дин Саша Шиндиловски, кои го поздравија овој чекор.  

 Даниела Михајловска Василевска

 

 

 

 

Ново раководство на Комисијата за нормативно правни и економски работи при Здружението за комунални дејности - 22.02.2012

Комисијата за нормативно правни и економски работи (НПЕР) при Здружението за комунални дејности во Стопанската комора на Македонија денеска ја одржа првата седница за оваа 2012 година. На самиот почеток беше избрано ново раководство, согласно одлуката на Здружението за комунални дејности на состанокот одржан на 01.02.2012 година а по барање на стариот претседател на Комисијата да му престане мандатот. Исто времено беше донесена и одлука да се зголеми составот на комисијата од првичните 6 на 15 членки. За претседател на Комисијата за НПЕР е избрана Светлана Трајкова од Комунална Хигиена Скопје, а за потпретседатели, Предраг Милосављевиќ од АД Скопски Пазар Скопје и Горан Кузмановски од ЈП Комуналец Кавадарци.

На состанокот беше анализирана и состојбата со плаќање односно неплаќање на комуналните услуги од страна на семејствата социјални случаи како обврска кон Комуналните претпријатија. Претставниците од Комуналните претпријатија посочија дека овој проблем постои веќе со години и дека досега безуспешно завршувале обидите проблемот да го решат со надлежните државни органи. Беше посочено дека бројката на овие социјални семејства не е мала и дека нивното неплаќање а во исто време фактурирање на трошоците кон нив се непризнаена загуба за Комуналните претпријатија. Според проценките, годишно тие не успеваат да наплатат до 20% од фактурираните сметки со објаснување дека семејствата се социјални случаи. Поради тоа за период од 5 години едно јавно претпријатие губи цел еден буџет. Како заклучок од оваа точка беше констатирано: “Комуналните претпријатија кои сепак го решиле овој проблем со надлежната општина да го приложат предлог решението до Комисијата и истото да биде разгледано на следната седница закажана за средината на Март”. Не се исклучува и можноста, за решавање на овој проблем, освен со министерството за труд и социјална политика, да се побара средба и со Заедницата на единиците на локалната самоуправа ( ЗЕЛС ).

По втората точка од дневниот ред за одлуката на Уставниот суд од 15.02.20121 година со која се поништи одредба од Законот за јавни службеници во делот на општините, заеднички беше констатирано дека по оваа точка беспредметно е да се разговара се додека истата не биде објавена во Службен весник. Членовите на Комисијата донесоа одлука, кога ќе се објави одлуката на Уставен суд во службен весник, да биде повикан и претставник од Министерството за информатичко општество со цел да ги образложи натамошните активности и постапувања на Јавните претпријатија. Даниела Михајловска Василевска

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска
Тел: (02) 3244021 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права