26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Основни информации

Асоцијација за управување со посебните текови на отпадот


          Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад како посебна форма на организирање и работење во рамките на Комората ја формираа стопанските субјекти кои поседуваат лиценца за колективно или самостојно  постапување со посебни текови на отпад од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електроснки отпад, а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на  останати заинтересирани стопански субјекти,  како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од возила, од гуми, текстил и отпад од масла.
           Основачи на Асоцијацијата се колективните постапувачи со посебните текови на отпад: Пакомак, Ел-Колект, Еуро-Екопак, Нула Отпад, Екон-електрон, ОБА и Цементара Усје.
           Основните цели на формирањето на Асоцијацијата е да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот  на управување со овие текови на отпадот со најниски трошоци за индустријата а најголем еколошки бенефит за граѓаните.
          Приоритетните активности ќе бидат во насока на афирмирање на колективните и самостојни постапувачи со посебните текови на отпадот и создавање поволна законска рамка за дејноста, намалување на субјектите кои не се вклучени во соодветен систам за управување со овие видови отпад, решавање на отворените прашања со општините и комуналните претпријатија, прашањето со неформалните собирачи на отпад и други.
    За претседател на Асоцијацијата во наредниот три годишен мандат е избран д-р Филип Ивановски, управител на Пакомак Скопје а за негов заменик Фана Христовска, управител на Ел колект Скопје.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Зорица Мешкова
Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: zorica@mchamber.mk


 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права