28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Одлуки и иницијативи

Здружение на производителите на тутун и производи од тутун


 


ПРЕДЛОЗИ ПО ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА АКЦИЗИ

Воведување на концептот „пуштање во промет“ при плаќањето на акциза

Согласно член 13 став 1 од сегашниот Закон за акцизи и член 8 став 1 од новиот Предлог закон "Акцизата настанува во моментот на пуштање на акцизните добра во промет на акцизно подрачје". Таквата одредба е во директна колизија со член 45 од постојниот Закон за акцизи и член 78 од новиот Предлог закон, кој предвидува дека “обврската за плаќање на акцизата за тутунските производи настанува во моментот на подигнување на акцизни маркици или во рок од 30 дена од моментот на подигнување на акцизни маркици, под услов да постои банкарска гаранција“.
Во моментот, плаќањето на акциза за тутунски производи по принципот на „пуштање во промет“ не е дозволено (односно со изнесување од акцизен склад), туку плаќањето се врши во периодот од 30 дена по подигнувањето на акцизните маркици под услов да постои банкарска гаранција. Ова укажува дека тутунските производи, а со тоа и оваа индустрија во целина, се ставени во неповолна положба во споредба со другите акцизни добра.
Акцизата по својата природа спаѓа во групата на индиректни даноци односно данок на потрошувачката, што значи дека нејзината наплата треба да биде што е можно поблиску до фактичката потрошувачка. Наместо тоа, со сегашниот Закон и со новиот Предлог закон за акцизи, плаќањето на акцизата се случува многу порано од реалната потрошувачка со што акцизата добива третман како да е директен данок од работењето на претпријатието. Притоа, акцизните маркици треба да имаат хартиена вредност, а не акцизна вредност, земајќи ја предвид нивната основна функција како алатка за контрола на количините на акцизни добра на пазарот.
Во просек, поминуваат околу два месеци од подигнувањето на акцизните маркици  и фактичкото пуштање во промет на тутунските добра на македонскиот пазар. Би сакале да нагласиме дека ова предизвикува високи инвестиции на нашиот работен капитал, како за нас така и за целиот синџир на снабдување на тутунската индустрија, што пак ја намалува нашата способност за инвестирање во средства и нови производи, и што е уште поважно - во креирањето на нови работни места. Доколку во новиот Предлог закон се задржи постојниот систем од постојниот Закон за акцизи, последиците ќе бидат уште поизразени, односно зголемени заради влијанието на предвиденото зголемување на акцизата според усвоениот календар (т.е. предвиденото зголемување на акцизата на секој 1ви јули).
Исто така, сегашниот систем не е компатибилен со соодветните ЕУ директиви. Понатаму, сегашниот систем ги казнува увозниците, наспроти локалните производители што е во спротивност на основните принципи за слободна трговија, како што е наведено во СТО и ЦЕФТА договорите.
Како Групација за производство на тутунски производи – дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, бевме иницијално охрабрени дека спроведувањето на ЕУ Твининг проектот за донесување на нова акцизна регулатива ќе значи и измена од сегашниот систем во систем на “пуштање во промет" кој  ќе биде целосно усогласен со законодавството на ЕУ. Во врска со ова, треба да се има предвид дека сите земји од ЕУ го имаат воведено концептот "пуштање во промет" во нивните соодветни закони. Секако дека постојат одредени разлики во однос на утврдениот период на доспевање на плаќањето на акцизата, или во случајот на Унгарија, Чешка, Хрватска и Данска постои т.н. мешан систем (mixed system), но сепак, сите системи на плаќање на акциза го вклучуваат принципот на „пуштање во промет“. Согласно тоа,  овој Предлог закон за акцизи не може да се смета за Закон целосно усогласен со ЕУ директивите (особено со Директивата на Советот 2008/118 / EC) или со праксата од земјите-членки на ЕУ по ова прашање, бидејќи како што е наведено погоре, принципот за наплата на акциза "пуштање во промет" не важи за тутунските производи, односно членот 78 од Предлогот е во директна спротивност со член 8 од истиот.
Сакаме да истакнеме дека ја прeпознаваме загриженоста на Министерството за финансии и Царинската управа дека преминот од сегашниот систем кон системот на "пуштање во промет" може да генерира еднократно нарушување на готовинскиот тек во Буџетот на Република Македонија поради задоцнување во наплатата на приходите по основ на акцизи од тутун и тутунски производи. Меѓутоа, ова нема да има никакво влијание на вкупните годишни приходи од акцизи од тутун во Буџетот на Република Македонија. Препознавајќи го ова како пречка за воведување на овој концепт и имајќи ја овде предвид нашата глобална експертиза, како одговорна индустрија, укажуваме дека сме отворени за предлози и соработка со Министерството за финансии и Царинската управа со цел да најдеме заедничко решение за овој еднократен ефект врз приходите на Буџетот. Преминувањето кон системот "пуштање во промет" може да започне од 1ви јули 2018 или во време кога сезонскиот ефект е минимален, и со внимателно планирање на приходите, неизоставувајќи ја и можноста за привремен режим кој би го развиле заедно, влијанието на споменатиот ефект ќе биде анулирано или сведено на минимум.
Имајќи го предвид горенаведеното и водејќи сметка за извршувањето на Буџетот и останатите специфичности на македонскиот пазар, ние како индустрија, Ви ги доставуваме нашите иницијални предлози за воведување на систем за плаќање на акциза "пуштање во промет" на тутунските добра во Законот за акцизи.

ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗА:

Член Предлог (нацрт) закон за акцизи Предлози
Член 1 (2) Добра подлежни на акциза (во понатамошниот текст: акцизни добра) согласно одредбите на овој Закон се: (2) Добра подлежни на акциза (во понатамошниот текст: акцизни добра) согласно одредбите на овој Закон се добра кои спаѓаат во следниве групи:
Член 10 (2) Акцизниот обврзник од членот 9 на овој закон е должен да поднесе акцизна декларација и да ја плати акцизата за секој акцизен период во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец, освен ако поинаку не е пропишано со овој Закон; (2) Акцизниот обврзник од членот 9 на овој закон е должен да поднесе акцизна декларација и да ја плати акцизата за секој акцизен период во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец, освен ако поинаку не е пропишано со овој Закон;
(1) По исклучок од ставот (2) точка 1) од овој член, ако последниот ден од месецот не е работен ден, Акцизниот обврзник е должен да ја плати пресметаната акциза до последниот работен ден од тој месец.
Член 18 (1) Во акцизниот склад држателот може да се складира повеќе групи на акцизни добра, под услов да бидат физички одвоени и да биде овозможена прегледност по групи, видови и трговски назив на акцизните добра;
(3) Надлежниот орган, може да дозволи во еден акцизен склад, кога тоа го овозможуваат технолошките карактеристики на складот, да се складираат акцизни добра на повеќе иматели на акцизен склад, во случај ако се работи за ист вид на акцизни добра и доколку со тоа се спречува настанување на стопанска штета. Под ист вид на акцизни  добра се подразбираат добрата кои се распоредени во ист  тарифен број од Номенклатурата на царинската тарифа, како што е наведено во акцизната дозвола; (1) Во акцизниот склад држателот може да се складира само една група на акцизна стока во даночниот склад.
(3) Надлежниот орган, може да дозволи во еден акцизен склад, кога тоа го овозможуваат технолошките карактеристики на складот, да се складираат акцизни добра на повеќе држатели на акцизен склад, во случаи ако се работи за ист вид на акцизни добра и доколку со тоа се спречува настанување на стопанска штета.
Член 32 (8) Надлежниот орган може да утврди и понизок износ на гаранција од износот утврден во ставот (5) од овој член; (8) Надлежниот орган може да утврди и понизок износ на гаранција од износот утврден во ставот (5) и (6) од овој член;
Член 78 (3) Со подигнувањето на акцизните марки настанува долг за акцизни марки во висина на акцизната вредност на марките. Вредноста на акцизните марки ја вклучува висината на акцизата и се плаќа пред нивното подигнување, освен во случаите кога e поднесена гаранција за обезбедување на акцизата и истиот мора да се плати во рок од 30 дена од издавањето на акцизни марки;
(4) Акцизната вредност на една акцизна марка се пресметува од акцизата за една цигара, пура, цигарилос или 1 кг. тутун за пушење и податокот за количината наведена на акцизната марка; (3) Ако тутунски производи се пуштени за потрошувачка надвор постапка на акцизно одложување, ќе се применуваат следниве одредби:
1) Акцизниот обврзник треба да ја плати пресметаната акциза:
• Не подоцна од последниот ден во месецот – износот на пресметаната акциза од првиот до 15-иот ден во месецот;
• На крајот на 15-иот ден од месецот – износот на пресметана акциза во периодот од 16-иот ден до крајот на минатиот месец.
(4) Ако тутунските производи се пуштени во промет надвор од договор за акцизно ослободување ќе се применуваат следниве одредби:
(1) Со подигнувањето на акцизните марки настанува долг за акцизни марки во висина на акцизната вредност на марките. Вредноста на акцизните марки ја вклучува висината на акцизата и се плаќа пред нивното подигнување, освен во случаите кога e поднесена гаранција за обезбедување на акцизата и истиот мора да се плати во рок од 30 дена од издавањето на акцизни марки;
2) Акцизната вредност на една таксена марка се пресметува од страна на Царинската управа врз основа на акцизата за една цигара, пура, цигарилос или 1 кг тутун за пушење и количината на добра регистрирана на акцизната маркица.
Член 20 (став 1 алинеја 2)
 Количински услови за акцизенсклад
(1) Акцизната дозвола може да се издаде на лица кои вршат или имаат намера да вршат дејност од областа на акцизите, доколку во една календарска година од акцизниот склад се испраќаат акцизни добра во пропишаната количина и тоа:
2) од акцизен склад за тутунски производи се испраќаат најмалку:
а) 500 милиони парчиња цигари или,
б) 100 килограми тутунски производи, освен цигари.
 Да се избрише дадената одредба од нацрт Законот и да се задржат одредбите од постоечкиот Закон за акцизи:

Член 5 (став 2) – Акцизен склад

(2) Лицата кои сакаат да произведуваат, складираат, примаат или испраќаат добра подлежни на акциза во постапка на непостоење на услови за настанување на акцизен долг, треба да поседуваат акцизна дозвола

Член 46 – Акцизен склад на тутунски добра

Акцизната дозвола од членот 5 став 2 од овој закон за цели на складирање на тутунски добра им се издава на лицата кои се овластени:
• за добивање контролни марки (производител и увозник)
• да вршат испитување на квалитетот на тутунските добра или
• лица кои испраќаат неоданочени тутунски добра

Објаснување:

Било кое ограничување со количина потребна за издавање на акцизна дозвола е дискриминаторно за постоечките и потенцијалните нови играчи на пазарот и е против принципите на слободната трговија и слободната конкуренција. Предлагаме бришење на Член 20 став 1 алинеја 2 во целост бидејќи е противуставна одредба.


Член 75 (став 3)
 Малопродажна цена
(3)Производителот или неговите претставници или неговите овластени застапници, или увозникот е должен малопродажната цена на тутунските производи да ја пријави кај надлежниот орган во рок од 30 дена пред првото пуштање на тутунските производи во промет или при промена на малопродажната цена, за што надлежниот орган води посебен регистар;


  (3) Производителот (или неговите претставници или овластени агенти) и увозникот е должен малопродажната цена на тутунските производи да ја пријави до надлежниот орган и да ја објави во “Службен Весник на Република Македонија” во рок од 15 дена пред првото пуштање на тутунските производи во промет или при промена на малопродажната цена.

Објаснување:

Објавувањето на малопродажната цена мора да им на располагање на трговците на мало и потрошувачите, поради што предлагаме да се зачува постоечката одредба по однос на објавување на малопродажна цена.

Член 82 (став 3) Враќање на платена акциза за тутунски производи

(1) Независно од одредбите од член 44 став (2), (3), (4) и (5) на овој закон, право на враќање на платената акциза за тутунски производи имаат и:
1) Имателот на акцизна дозвола за тутунски производи кои биле пуштени во промет и како неподобни за консумирање се враќаат во акцизен склад,
2) Имателот на акцизна дозвола за тутунски производи за кои е платена акциза, а се уништуваат под надзор на надлежниот орган,
3) Имателот на акцизна дозвола за оштетените акцизни марки во процесот на нанесување на поединечните пакувања;
4) Увозникот, за увезените тутунски производи за кои платил акциза, а кои се враќаат во странство,
5) Регистрираниот или повремено регистрираниот примач во случаите кога тутунските производи за кои платил акциза ги испраќа во акцизен склад;(одложувачка)
 3) Имателот на акцизна дозвола за оштетени акцизни марки во процесот на нанесување на поединечни пакувања, во висина од 2 % на сите преземени акцизни марки. Враќањето на платената акциза на акцизните марки ќе биде во висина на акцизната вредност на акцизните добра, намалена за трошоците за принтање на акцизните марки.

Објаснување

Во изминатите години, и во годините кои следат, производителите на тутунски производи се во ситуација каде што акцизна марка, наменета за индивидуален производ може да биде оштетена, имајќи во предвид дека акцизните марки се нанесуваат при производство на производите. Акцизната марка станува неподобна за користење во тој момент, и нејзиното плаќање во висина на акцизата за акцизни добра е неправедно, бидејќи нема корист од акцизната марка откако е оштетена при производство.                                                                             

Член 78   (5) Производителот или увозникот, своите месечни потреби од акцизни марки му ги пријавува на надлежниот орган од петти до десети во тековниот месец за наредниот месец со поднесување на барање. Рокот за подигнување на пријавените акцизни марки е три месеци. По истекот на овој рок со неподигнатите контролни  марки располага надлежниот орган;
 (5) Производителот или увозникот, своите месечни потреби од акцизни марки му ги пријавува на надлежниот орган од петти до десети во тековниот месец за наредниот месец со поднесување на барање. Надлежниот орган е должен пријавените контролните марки за тековниот месец да ги има на залиха и да ги стави на располагање за подигнување од страна на производителот или увозникот најдоцна до третиот работен ден на почетокот на месецот за кој се однесува барањето. Рокот за подигнување на пријавените акцизни марки е три месеци. По истекот на овој рок со неподигнатите контролни  марки располага надлежниот орган;

Објаснување:
Неопходно е за потребите на планирање и производство да се има пократок рок за наплаќање на контролните марки од  страна на печатницата. Исто така, со оглед на предложеното скратување на постапката за регистрација на малопродажна цена и промена во платежната способност на акцизата, предвидениот период од еден месец  за издавање на контролни марки е крајно несразмерен во целокупната постапка. Покрај тоа, што порано се издадат контролни марки и прикачат на производите, толку побрзо ќе бидат пуштени за конзумација и акцизи

 

 ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

ЗАБРАНАТА ЗА СОСТОЈКИТЕ ВО БЛЕНД ЦИГАРИТЕ ЌЕ ЈА НАМАЛИ ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ОРИЕНТАЛЕН ТУТУН

Тутунот како земјоделска култура е застапен во повеќе од 129 земји (1999-2008) на сите континенти, голем дел од земјоделското население обезбедува егзистенција од него а на него економски се потпираат цели општествени заедници. Тој е феномен на апсурдот: многу држави на развиениот свет го забрануваат пушењето на јавни места, како и неговото рекламирање, а во исто време го користат како значаен извор за своите национални буџети. Поради високите даноци на цигарите, тие се мошне присутни во илегалната трговија од меѓународни размери.

Владата на Р.Македонија во 2004 година ја одобри стратегиската тутунска контрола, а воедно и ја унапреди здравствената контрола на населението во Р. Македонија. Овој документ беше основа на ЕУ и ОН (WHO - World Health Organization) за контрола на тутунот и за заштита на човечкото здравје обединети со Европската конвенција за контрола на тутунот во 2002 год., како и со Европската стратегија за спречување на пушењето - (ESTC - European Strategy for Tobacco Control)

Македонија, како една од договорните страни на Рамковната Конвенција за Контрола на Тутунот- РККТ (FCTC – Framework Convention on Tobacco Control) при Светската Здравствена Организација (W.H.O., СЗО) наскоро ќе биде повикана да заземе позиција за специфичниот предлог за забрана на состојките што се користат во производството на тутунските производи.

Ако предлогот евентуално помине, истиот би довел до загуба од 40% на бленд цигарите што се продаваат ширум светот, а што, повратно за Македонија би имало голем негативен ефект врз домашните производители на ориентален тутун (сса 25.000 тони тутун годишно), како и врз производството на цигари.

FCTC – Framework Convention on Tobacco Control е првиот глобален договор за заштита на здравјето на консументите усвоен од Светската Здравствена Организација (СЗО - WHO) во мај 2003 година со цел: „ континуирано и значително да се редуцира распространетоста на употребата на тутун и изложеноста на чадот од тутунот.” До денес, 168 држави како и Европската Унија го потпишаа и ратификуваа договорот. Но правилата на играта го менува Предлог-законот Ц-32 од Канада кој беше усвоен во октомври 2009 година а зад кој беше намерата за Целосна забрана на цигарите со традиционален американски бленд (бленд цигари). Маскирана како забрана за „арома“ забраната нема никакви научни аргументи. Иако претставена како мерка против пушењето кај младите, истата опфаќа многу повеќе од тоа.

Цитиран дел од текстот
Втора сесија, 40 Парламент,
57-58 Елизабета II, 2009

Долен Дом на Канада
Предлог закон Ц-32
Закон за измена на Законот за тутун
Нејзиното Височество преку и со совет и согласност на Сенатот и пратениците на Канада го донесува следниов: Алтернативен наслов: 1. Овој закон може да се цитира како Преземање остри мерки кон маркетингот на тутунот посочен во Законот за младината.

ЗАКОН ЗА ТУТУН

2. (1) Дефиницијата „пакување“ во делот 2 од Законот за тутун се укинува.

(2) Делот 2 од Законот се менува со додавање на следново по алфабетски редослед.

4. Законот е изменет со додавање на следново после делот 5:

5.1. (1) Ниедно лице не смее да користи додаток наведен во колоната 1 од табелата во производството на тутунски производи наведени во колона 2.

Законот дава препорака да се забранат или да се направи рестрикција на следните адитиви кај тутунските производи :

 
  • шеќери и засладувачи
  • супстанции за арома
  • агенси за обојување
  • зачини и билки
  • овошје и зеленчук
  • витамини, минерални хранливи материи, амино киселини и есенцијални масни киселини
  • стимулативни соединенија
  • ги елиминира производите направени со традиционален бленд (приближно 40% од светскиот пазар, вклучувајќи ја Народна Република Кина)

Со тоа тој практично директно влијае врз производителите на тутун од
– Берлеј и ориентален (примарно производство)
– Влијае врз економијата на земјите во развој

Законот нема никаков бенефит за јавното здравје, бидејќи:
– Цигарите без состојки се исто толку штетни колку и бленд цигарите
– Нема никаков доказ дека забранувањето на состојките ќе ја редуцира потрошувачката на цигари

Македонија е еден од поголемите производители на ориентален тутун. Во 2009 година беа произведени 23.200 тони тутун, учествува со 6% проценти од вкупниот извоз на македонски производи и како таков има директно влијание врз економијата на земјата. Одгледувањето тутун претставува особено важна стопанска дејност во руралните реони во Македонија и спроведувањето на директивата како таква ќе има штетни последици во регионите каде се одгледува тутунот.

ШТО МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ПРАВИ:
– Да го одбие предлогот РККТ
– Да прати коментари кон предлогот до 30 јуни 2010 г.
– Да побара од соседите и тие исто така да го одбијат предлогот
– Да гласа против предлогот во ноември 2010 година


ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВИСОКИ ОТКУПНИ ЦЕНИ И СТИМУЛАЦИИ КАЈ ТУТУНАРИТЕ

Зголемувањето на откупните цени на суровиот тутун и тоа пред се на повисоките класи како и повисоки премии за 2008 година беа темите кои доминираа на состанокот на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун одржано во Стопанската комора на Македонија на 29.11.2008 година.

Бидејки во интерес на Република Македонија е зголемување на производството на тутун, Здружението заклучи да предложи ва Владата на РМ да ги зголеми средствата на финансирање на активностите во примарното производство на суров тутун во 2008. Така да во ребалансот на буџетот предвидените средства во износ од 273,800.000 денари се зголемат на 900,000.000 денари и истите би се користеле за исплата на примарните производители на ттун за произведен ориентален ароматичен тутун од родот 2007 година. Во измената на Програмата за финансирање на активностите во примарното тутунско производство во 2007(службен весник на РМ бр. 62/07), во точка 2 да се предвиди исплатата да се врши процентуално при што процентот ќе се утврдува од просечната откупна цена на тутунот постигната за родот 2007 година на ниво на РМ, а исплатата ќе се врши на вредноста на откупениот тутун за секој производител поединечно кој има предаден тутун во тутунското птретпријатие-оѕткупувач. За унапредување на квалитетот на тутунот предлагаме од оваа финансиска подршка да бидат исклучени производителите кои ќе предадат тутун од класите 4 и 5.


Иницијатива за поднесување амандман од страна на Владата на Република Македонија по Предлог- Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи

Согласно преодните и завршните одредби од Законот за тутун и тутунски производи (член 70, став 2), предвидено е правните лица ,производителите, увозниците и извозниците на цигари) обврските во врска со означувањето на цигарите и тутунските производи, да ги усогласат во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон, односно заклучно со 8 март 2008 година.

Во членот 72, став 1 од истиот Закон, предвидено е дека подзаконските прописи на овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон. Врз основа на истиот, а согласно член 45, став 2 од Законот, Министерството за здравство требаше да го донесе подзаконскиот акт со кој ќе ја определи големината на буквите за секое предупредување на одделно пакување. Ваквиот подзаконски акт се уште не е донесен, поради големиот број различни пакувања со различна големина и форма, присутни на македонскиот пазар. Од таа причина, дури и во измените на законот кој што е во процедура, се предвидува бришење на овој став, односно изземање на таков подзаконски акт.

Недонесениот подзаконски акт беше пречка за отпочнување со подготовки и активности од страна на производителите и увозниците на цигари, за усогласување на нивното работење согласно одредбите од членовите 43, 44, 45 и 46, кои се однесуваат на информациите кои треба да ги содржат пакувањата на тутунските производи.

Производителите и увозниците на тутунски производи овие активности нема да можат да ги започнат се до стапувањето во сила на предложениот Закон за измените и дополнувањата на Законот за тутун и тутунски производи, чие донесување и стапување во сила не може да се предвиди.

Со оглед на краткиот рок кој останува за усогласување на горенаведеното, односно до 8 март 2008 година, производителите и увозниците на цигари бараат Владата на РМ да интервенира со амандман на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, со кој би се остварил разумен рок од најмалку шест месеци за усогласување со барањата на наведените членови од законот.

Истовремено, се бара да се остави и рок од три до шест месеци, во кој би се потрошиле паковките ставени во промет на мало, пред рокот за усогласување кај производителите и увозниците на цигари, а не се во согласност со спомнатите членови од Законот.

Со надеж дека согласно аргументираното барање на членките на Стопанската комора на Македонија итно ќе преземете активности по истото, бидејќи Предлог-законот е во собраниска процедура, однапред Ви се заблагодарувам.


ИНЦИЈАТИВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО ПРИМАРНОТО ПРОИЗВОДСТВО

Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија на 19.5..2006 година ја одржа својата седница На која беа разгледувани предлози за утврдување на стимулација на производство на тутун за берба 2006 година.

Претставниците на производителите како и откупувачите се сложија, освен оние 10% обезбедени од средства од надоместок кој се наменети за промоција, средства во висина до 10% да одат за финансирање на активностите во примарното производство. Тука пред се се мисли на испитувања на квалитет на почва, семе и сл. а за што Институтот за тутун приложи своја предлог-програма и ја презентира на присутните на состанокот а коај беше и подржана од присутните.

Според мислењето на претставниците на откупните фирми и производители, останатите 80% треба да се наменат за стимулации на примарните производители.

Согласно член 50 од Законот за тутун и производи од тутун, Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија предлага:
1.Надоместокот од прибраните средства за финансирање на активностите во примарното тутунско производство да бидат исплатени процентуално.
Процентот да се утврдува од просечната откупна цена на тутунот постигната на ниво на Република Македонија а исплатата да се врши на вредноста на откупениот тутун за секој производител поединечно.
2.Вториот предлог на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун е идентичен како и претходниот со тоа што од него треба да бидат исклучени 4 и 5 класа на тутун.

МАКЕДОНИЈА СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ЧЛЕН 17 И 18 ОД РАМКОВНАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА КОНТРОЛА НА ТУТУН FCTC НА WHO

Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија на 17.01.2013 година ја одржа својата редовна седница.

На истата свое излагање имаше претставникот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Лидија Кастратовиќ, која детално ги информираше присутните за Петтата седница на Конференцијата на земјите потписнички на РККТ на СЗО (COP5) која се одржа во Сеул, Република Кореја, од 12-17 Ноември 2012 година.

На предлог од компаниите за избор на претставник од Република Македонија, кој би земал учество во работната група за членовите 17 и 18 и застапувал интересите на Здружението на производителита на тутун и производи од тутун, едногласно беше избрана г-ѓа Кастратовиќ. Како обврска со наметнува регистрирање на претставникот во работната група најдоцна до 31.01.2013 година.

На состанокот активно учество зема и претставник од Министерството за економија, г-ѓа Биљана Стојанова, која накратко ги запозна присутните со Одлуката на МЕ во врска со листа на стандарди со чија примена се смета дека производот е безбеден. Истиот се однесува на ЛИП хартија која се користи кај цигарите кои сами се гаснат. Со ова се смета дека во одреден процент ќе се намали ризикот од предизвикување пожари и со тоа ќе се придонесе во зголемување на безбедноста на граѓаните. Присутните ја изразија својата загриженост во врска со инплементацијата на истиот и побараа дополнителен состанок со ресорното министерство. За таа цел, согласно договорот со претставниците од министерството, производителите и увозници на цигари во РМ, на 25.01.2013 година ќе одржат состанок на кој ќе ги дефинираат своите барања во однос на имплементација на одредбата, и во најкраток можен рок ќе одржат состанок со ресорното министерство

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Васко Ристовски
Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: vasko@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права