Бизнис-настани

23.11.2018 - 23.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ


Еднодневен семинар на тема:

ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

23 ноември 2018 година (петок)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

          Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ера на се` почести и различни видови на напади, малициозни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана.
За да ги одредите техниките и технологијата која ви е потребна за одбрана, треба да одредите што и како ве напаѓа. Она што хакерите го користат, како тие размислуваат и како доаѓаат до нас, се само дел од прашањата на кои се бара, но е тешко да се најде одговор.

          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 ноември 2018 година организира семинар на тема: „ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ“ чија цел е запознавање на учесниците со сите видови на напади и презентација на техники и начини за нивна примена, со цел демистификацијата на хакирањето и дефинирање на начините за одбрана. Исто така, ќе се разгледаат сите чекори на напад - од нулта точка до целосна контрола; ќе се објаснат сите техники на напад; ќе се демонстрираат напади и користење на алатки; ќе се дефинираат и ќе се објаснат техниките за одбрана на секој од нападите, како и деловите од тој напад. 

Целна група: менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на безбедност на информации, како и сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот.

ПРОГРАМА:

I СЕСИЈА
- Вовед и основни поими;
- Вовед во етичко хакирање;
- Вовед во пенетрационо тестирање;
- Собирање на информации.

II СЕСИЈА
- Scanning/Enumeration;
- Хакирање на системи;
- Социјален инженеринг.

III СЕСИЈА
- Хакирање и одбрана на Wi-Fi мрежи;
- Малициозен софтвер;
- Напредни закани;
- Фаза по нападот;
- Напредни техники за одбрана.

Предавач:

- Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – „SECIT security consulting“. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. 

Работен јазик за време на семинарот: српски јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.  

Краен рок за пријавување: 19.11.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права