23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

18.12.2017


Актуелно  

НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДОМУВАЊЕТО, ПРЕКУ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ, предложи Групацијата за домување до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески


Членките на групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија на состанокот, одржан на 18.12.2017 година, на кој беше присутен и министерот за транспорт и врски м-р Горан Сугареси, разговараа за актуелните состојби во секторот, проблемите во домувањето, при што доставија и конкретни предлози за надминување на проблемите во работењето во оваа дејност.

 

Како интервентни проблеми на кои треба да се работи, групацијата ги посочува:

- дефинирање на одговорноста за одржување на лифтовите како заеднички простории со покренување иницијатива за измени на Правилникот за лифтови;
- усогласување на Законот за домување со законската регулатива која го уредува работењето на компаниите од комуналните дејности (за електрична енергија, вода, топлинска енергија и сл.);
- воведување построги мерки и критериуми при одземање на лиценците на управителите кои работат спротивно на Законот;
- непостоење соодветна инспекциска служба за домување на државно ниво со цел доследна примена на Законот од повеќе аспекти;
- измени на Законот за домување;
- доставување и обработка на соодветни податоци на физичките лица; 
- еднаков третман на лиценцираните управители и заедницата на станари.

Пред присутните на состанокот, освен министерот за траснпорт и врски, учествуваа и претставници од Секторот за домување при Министерството за транспорт и врски, од Регулаторната комисија за домување, од Министерството за економија и од државниот технички инспекторат - надлежни за лифтовите.

Во рамки на дискусијата министерот Сугарески посочи дека изнесените проблеми јасно укажуваат дека има потреба од одредени корекции на Законот за домување, а за дел од проблемите да се разговара и решение да се бара во доследната примена на законските прописи.

За таа цел беше договорено дека министерството за транспорт и врски ќе иницира формирање работна група од сите засегнати страни, за да се разговара за проблемите и да се понудат предлози за измени и дополнувања. 

Согласно последниот извештај од регулаторната комисија за домување, од вкупно 62 правни лица во моментов во регистарот кој што го води комисијата активни се 50 правни лица регистрирани во 11 градови низ земјата, во кои директно се вработени преку 400 лица, а индиректно преку договори за услуги од делокругот на управувањето (одржување хигиена, занаетчиски работи и слично) се обезбедува работа и за голем број вработените во правните субјекти кои нудат услуги од ваков тип. За сите нив, лиценцираните управители како правни субјекти редовно ги плаќаат обврските кон државата, придонеси даноци и други видови давачки.

Даниела Михајловска Василевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права