11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

14.12.2018 - 14.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018


Еднодневен семинар на тема:

ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

14.12.2018 година (петок)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 14 декември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018.
Организацијата задолжително треба да ги утврди ризиците и можностите кои треба да се решат како би обезбедила систем менаџментот за квалитет да ги постигне саканите цели, производите и услугите да бидат усогласени, да се спречи несаканото влијание и да се оствари подобрување на системот, производите и процесот.
Пред многу организации постои цел сет на нејасни работи во врска со тоа како да се изврши правилна проценка на ризикот, во кои процеси е неопходно да се процени ризикот, кој треба да ја спроведе процедурата, како понатаму да постапуваат со значајните ризици и слично.

Цел на семинарот

 Целта на овој семинар е учесниците низ предавањето и примерите да се стекнат со способност да идентификуваат, проценат и ограничат ризик во примена на различни систем менаџменти со примена на концептот, методи и техники на менаџментот на ризикот. После семинарот учесниците ќе се оспособат да ги идентификуваат главните опасности од различни аспекти, односно барањата на систем менаџментот и да направат адекватна стратегија за управување со ризикот, со што ризикот се избегнува, смалува, разделува или прифаќа во разумен обем.


 За кого е наменет семинарот? 

  Семинарот е наменет за менаџери, раководители на различни систем менаџменти и вработените во организацијата кои се одговорни за управување со различни видови на ризик, како и за останатите вработени кои се или ќе бидат вклучени во процесот на идентификација, проценка и следење на ризикот во организацијата, како и за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа како да ја подобрат својата работа со примена на техники за намалување на различни видови на ризик но, со прифатлив обем.

Структура на семинарот – содржина: 
      
1. ПОИМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ;
2. ПРИСТАПИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ;
3. ЦЕЛИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ;
4. ТЕРМИНИ И ДЕФИНИЦИИ ЗА ISO 31000:2018;
5. ISO 31000:2018 – ПРИНЦИПИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЦЕСОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ               СО РИЗИКОТ:
5.1. ПРИНЦИПИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ;
5.2. РАМКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ;
5.3. ПРОЦЕС ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ:
- ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА КОНТЕКСТ;
- ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ;
- ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА РИЗИКОТ;
- АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ;
- ВРЕДНУВАЊЕ НА РИЗИКОТ;
- ПОСТАПУВАЊЕ СО РИЗИКОТ – ALARP КОНЦЕПТ.
          - Вежба - студија на случај: Идентификација на ризик.
          - Вежба - студија на случај: Примена на избрана метода за проценка на ризик.
 Предавач:
-Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.
Игор Ќика петнаесетгодишното искуство го стекнал на работното место директор на логистика во различни области („Застава“ – Сомбор - автомобилска индустрија, GENEL- бренд HOUSEL и застапник за бела техника од брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“ за Србија, „STAV“- овластен дистрибутер на „Samsung“ за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока  од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна гора – „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“. Организирал пост-продажна поддршка за брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“ во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година е ангажиран од страна на UNIDO (United Nations industrial developmend organization) како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC-гасови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 10.12.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права