20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.02.2018


Актуелно  

Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) – 10 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА ВО МАКЕДОНИЈА


Ефектите и резултатите од 10-годишното успешно работење Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) беа презентирани на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (5.02.2018 година).

Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) е најголемата мрежа на контактни центри во Европа со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар. Мрежата е застапена во повеќе од 60 држави и е најголема мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија, во чии рамки се вклучени повеќе од 600 партнерски организации и институции, при што повеќе од 3.000 експерти се вклучени во активностите на мрежата, давајќи поддршка и практична помош за компаниите кои сакаат да ги освојуваат европските пазари.

 

-Годишно, во просек повеќе од 250.000 мали и средни претпријатија добиваат некаква услуга од партнерските организации на мрежата, при што просечно 52.000 мали и средни претпријатија добиваат совети од експертите во мрежата во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека повеќе од 20.000 претпријатија преку мрежата учествуваат на меѓународни настани, форуми и средби. Мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и што побрзо да пронајдат партнери на европските пазари. Користењето на услугите е целосно бесплатно, - посочи д-р Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија.

Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности, преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - МИР.

Проф. д-р Виктор Стојмановски, проектен менаџер на ЕЕН Македонија посочи дека Европската мрежа за бизнис можности (Enterprise Europe Network - ЕЕN) претставува моќна алатка и е најголемата мрежа за подобрување на процесот на имплементација на иновациите во реалниот сектор, за интензивирање на деловните соработки, за поефикасна соработка на науката и индустријата, трансферот на технологии и користењето на резултатите од научните истражувања во стопанството.

Во изминатата година, преку македонскиот национален конзорциум на Европската мрежа за бизнис можности информациите од мрежата стигнале до 5.213 компании, 489 компании учествувале на локални и на регионални настани организирани од ЕЕН Македонија, а 119 компании добиле индивидуална поддршка за партнерство преку експертите од мрежата. Организирани биле 23 деловни средби, на кои македонските компании оствариле 227 средби со партнери од странство. Преку мрежата, 137 странски компании искажале интерес за соработка со македонски компании, при што биле остварени 36 партнерства.

Прашањата кои се поврзани со интернационализација на локалните мали бизниси, пронаоѓањето нови пазари и бизнис-партнери, стандардите и критериумите кои ги уредува европското законодавство, но и можностите за склучување партнерства за аплицирање на европските програми и фондови, се само дел од прашањата за кои може да се обратите до експертите од ЕЕН Македонија. 

 

д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права