19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

28.02.2018 - 28.02.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ


Еднодневен семинар:

КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ
28.2.2017 година (среда)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија на 28 февруари 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Контролинг во набавките“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето.
Цел на семинарот: 
Запознавање на учесниците на семинарот со:
• Управувањето со набавките;
• учесниците во набавките – купувачи и добавувачи;
• интерна комуникација во организацијата – набавка наспроти магацин;
• комуникација со добавувачите;
• приоритети во набавката;
• WIN-WIN стратегија за стратешко поврзување со добавувачите;
• оценување на добавувачите – критериуми за оценување.
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.).
ПРОГРАМА
1. Стратегија
- Усогласување на стратегиите на претпријатието и набавката;
- Balanced Score Card и набавка – модел на таблица на успешност;
- Имплементирање на метрика во набавката;
2. Мерење на ефикасност во набавката
- Неефикасности на традиционалното мерење на учинок;
- Клучни индикатори во набавката (KPI);
- SMART метода;
- Примери на клучни индикатори во набавката.

3. Трошоци во набавката
- Анализа во набавката и ажурност на залихите;
- Контролинг на добавувачите;
- Методи за ефикасна набавка и контрола на залихите;

Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 20.02.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права