17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.06.2017


Актуелно  

КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ОЧЕКУВААТ РЕАКЦИЈА ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО РУДАРСТВОТО


Македонската асоцијација на рударството (МАР), на седницата одржана на 15.6.2017 година, расправаше за актуелните состојби во рударството во Република Македонија и за насоките за натамошен развој.

 

На почетокот, господинот Николајчо Николов, претседател на МАР, истакна дека во последно време во Македонија се случуваат некои активности кои не се во интерес ниту на општините, ниту пак на концесионерите на минерални суровини. Николов нагласи дека површината на сите досега издадени концесии за експлоатација на минерални суровини изнесува околу 1,5% од вкупната површина на државата, активно работат 505 субјекти од областа на рударството и преработката на минералните суровини, каде се вработени околу 13.000 лица, односно станува збор за дејност која придонесува за развој како на општините, така и на државата. На некои општини буџетот им се зголемува за околу 300.000 до 500.000 евра, се зголемува вработувањето, а со тоа се задржуваат и младите лица.

Членките на Македонската асоцијација на рударството, во обемната дискусија, нагласија дека во овој период се соочуваат со тешкотии во тековното работење, пред се`, заради се` позачестените тврдења дека со отворањето на рудниците за метали ќе се придонесе за загадување на животната средина, за што се одржуваат и референдуми за нивно запирање.

Во Република Македонија, сите концесионери, било да е за концесија за детални геолошки истражувања или за експлоатација на минерална суровина, задолжително мора да ги исполнуваат законските одредби со подготовка на  документација, за која, посебно се изјаснуваат надлежните министерства и општините каде се наоѓа концесијата. Посебно внимание се посветува на примената и почитувањето на законските одредби за заштита на животната средина,  приспособени на европските закони кои посебно се ригорозни.

Членките на МАР потенцираа дека ваквата состојба има негативно влијание и се праќа лоша порака до инвеститорите, посебно кај странските инвеститори.  Државата како концедент, задолжително мора да реагира и да ги заштити концесионерите, бидејќи не може да се сторнира концесија од други ненадлежни органи, како што се општините, кои во самиот процес на добивањето на концесија имаат дадено позитивно мислење. Еднострано раскинување или прекинување на концесијата има негативни финансиски импликации, како за државата, така и за општините.

На седницата се заклучи, писмено да се побара од Владата на Република Македонија, да се изјасни за настанатата ситуација, бидејќи, во рударскиот сектор најчесто се странски инвеститори, кои се доста чувствителни на вакви случувања.

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права