Сите претпријатија непосредно или посредно опфатени во синџирот на храната -од производителите на храна и сточна храна, производителите на опрема, преработувачите и дистрибутерите на мало и големо.
Да се ускладат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехрамбената индустрија и индустриите поврзани со неа; Званично да се утврдат елементите кои сочинуваат еден систем за управување со безбедноста на храната;
• ISO 22000 Документација - 4.2
- Претпријатието во својата работа треба да користи документи од надворешно потекло, релевантни за безбедноста на храната ( закони, регулативи );
-Типот и обемот на документацијата ќе зависат од големината, сложеноста на активноста, опасностите по безбедноста на храната и компетентноста на персоналот;
- Документите што се дел од овој систем може да бидат спецификации, HACCP планови, оперативни програми на предуслови и процедури;
- Времето на чување на записите треба да се определи според предвидената употреба на производот;
• ISO 22000 Управување-5
- Политика за безбедност на храната -основата на системот за управување со безбедноста на храната на кое било претпријатие, поткрепена со мерливи цели;
- Водачот на тимот за безбедност на храната е од пресудно значење за системот за управување со безбедност на храната и тој треба целосно да ги разбере прашањата за безбедност на храната кои влијаат врз претпријатието;
• ISO 22000 Управување-5 надворешна комуникација
- Целта на надворешната комуникација е да се осигури дека е дефинирана одговорноста за контрола на опасностите по безбедноста на храната: Угоре и удолу непосредниот синџир на храната за опасности кои не може да се контролираат во претпријатието; Со клиентите како основа за меѓусебно прифаќање на бараното ниво на безбедност на храната; Со правните и регулаторни надлежни тела и со други организации
• ISO 22000 Управување-5 внатрешна комуникација
- Системот за внатрешна комуникација треба да се погрижи персоналот чија улога влијае врз безбедноста на храната да има доволно релевантни информации и податоци;
- Водачот на тимот за безбедност на храната има клучна улога во комуникацијата по прашања за безбедност на храната во претпријатието;
• ISO 22000 Управување-5 подготвеност и реакција во итни случаеви
- Организацијата треба да биде свесна за потенцијални ситуации кои може да имаат негативно влијание врз безбедноста на храната, вклучително пожар, поплава, биотероризам, саботажа и прекин на снабдување со енергија
- Треба да има процедури за справување со и реакција на такви ситуации за да се смали на најмала можна мерка влијанието врз безбедноста на храната
• ISO 22000 Управување- 5 преиспитување од раководството
- Преиспитувањата од раководството му даваат на раководството можност да ја процени способноста на системот за управување на претпријатието да ги исполни политиката и целите за безбедност на храната
- Ќе се преиспита севкупната делотворност на стандардот за безбедност на храната
• ISO 22000 Управување со ресурси -човечки ресурси - 6.2
- Образование, компетентност и обука - да се одржуваат на ниво кое ќе овозможи сите вработени да ги знаат своите улоги и одговорности на еден делотворен систем за управување со безбедноста на храната
- Сесиите за обука треба да ги содржат следниве детали:
-содржина на програмата
-име и стручност на тренерот/обучувачот
-крајна оценка на кандидатите за обука
-утврдување на потреба од обука

• Инфраструктура-6.3
Инфраструктурата на претпријатието вклучува:
- Згради
- Опрема за процесите
- Комунални услуги
- Придружни служби/сервиси
• Работна околина – 6.4
Работната околина може да опфати мерки чија цел е да се сведе на најмала можна мера влијанието на опасностите по безбедноста на храната, вклучително и следниве мерки:
- Превенција на вкрстено загадување
- Обезбедување на барањата за соодветен работен простор
- Обезбедување на соодветни погодности за вработените
• Планирање и реализација на безбедни производи -7.1
- Клаузулата 7 се однесува на барањата за систематски пристап кон развој, имплементација и набљудување на планираните активности, вклучително и ПРП, опертивни ПРП и/или HACCP планови
- ISO 22000 го реорганизира традиционалното поимање кое ги дели контролните мерки во две групи
- Програми на предуслови (вклучително и оперативни ПРП)
- Мерки кои се применуваат на критичните контролни точки (ЦЦП)
• Програми на предуслови – 7.2
- Програми на предуслови кои управуваат со основните состојби и активности, вклучувајќи ги и неопходните контролни мерки.
- ПРП не се бираат заради контрола на одредена утврдена опасност, туку заради одржување на општо хигиенско производство, обработка и однесување кон средината.
- Оперативни програми на предуслови кои ги управуваат оние контролни мерки за кои анализата на опасности утврдила дека е нужно да се контролираат на прифатливо ниво, а кои не се управувани со ХАЦЦП планот.
- Изградба и распоред на згради и инсталации.
- Распоред на простории, вклучувајќи го и работниот простор и просториите за Вработените.
- Снабдување со воздух, вода, електрична енергија и други инсталации.
- Соодветност на опремата-сервис и превентивно одржување.
- Управување со набавени материјали.
- Превенција од загадување и вкрстено загадување.
- Чистење и дезинфекција.
• Планирање на верификација -7.8
Верификација е проценка која се спроведува за време на работата, со цел да се покаже дека предвиденото ниво на контрола е навистина постигнато
- Зачестеноста на верификацијата зависи од степенот на недоверба во ефектот од применетите контролни мерки, во зависност од утврденото ниво на опасност по безбедноста на храната
• Систем за следливост -7.9
- При развој на систем за следливост, треба да се обрне внимание на активностите во претпријатието кои би можеле да влијаат врз системот, на пример видови на состојки, доработка/преработка на производ, серија наспроти континуирано производство
- Обемот на следливост треба да ја опфати практичната потреба од препознавање и повлекување на небезбедни производи и утврдување на нивното потекло
• Валидација, верификација и подобрување - 8
Барањата на клаузулата 8 се однесуваат на оние активности кои се потребни за да се покаже дека системот за безбедност на храната, онака како што е осмислен, е достоен за доверба и може да го постигне очекуваното ниво на контрола.
• Валидација - 8
Повикување на валидации спроведени од страна на други или познавање на историјата (на валидации)
- Збир на податоци за биолошки, хемиски и физички опасности за време на услови на работа
- Статистички податоци
- Математичко моделирање
- Сите валидации треба да бидат според очекувани резултати.
• Верификација -8
- Сигурност дека системот за безбедноста на храната функционира како што е предвидено
- Верификациони активности
- Преглед на записите од мониторинот
- Калибрирање
- Визуелна инспекција
- Интерни проверки
- Аналитичко тестирање
- Постојани и периодични верификации
• Подобрување- 8.5
- Надградба на системот за управување со безбедноста на храната