22.05.2017 (Форум)
8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

01.06.2017 - 01.06.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ


Еднодневен семинар:

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА
И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

1 јуни 2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


            Резултатите на досегашните светски и домашни студии укажуваат дека проблемот со психосоцијалните штетности кај работниците е присутен во различни земји, упатувајќи на глобалните димензии на ова прашање и на неговите автохтони, национални карактеристики. Појавата на синдромот на согорување е евидентна и во Република Македонија.    
         
            Следејќи ги актуелните проблеми од областа на безбедност и здравје при работа,  Стопанската комора на Македонија  во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на 1 јуни 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „Анализа на стерсогените фактори поврзани со работата и синдримот на согорување и планирање и имплементација на организациски интервенции“, со цел информирање на сите чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа за основните принципи на примарната превенција како оптимален пристап во заштита и унапредувањето на здравјето на работниците.
 
            Целта на овој семинар е дефинирање на психолошките аспекти кои влијаат на работното место, навремено идентификување на мобинг и стрес на работното место и преземање активности за намалување на штетните здравствени ефекти кои се ефектуираат кај вработените и кои влијаат на намалување на нивната продуктивност. Досегашните податоци за факторите коишто влијаат на појавата на синдромот на согорување кај испитуваните работници, како и податоците за можните несакани ефекти од синдромот на согорување врз здравјето на работниците претставува солидна основа во креирањето на стратегија за превенција на синдромот на согорување и унапредување на здравјето и безбедноста на работното место.                                               


ПРОГРАМА

- Психолошки аспекти на работата;
- Мобинг на работното место;
- Стрес поврзан со работата и синдром на согорување;
- Методологија за анализа на стресогените фактори поврзани со работата и синдромот на согорување;
- Планирање и имплементација на организациски интервенции преку примена на акциско истражување – теоретска рамка;
- Планирање и имплементација на организациски интервенции преку примена на акциско истражување – работа во групи;
- Работа во групи според доделени улоги.

Предавачи:

проф. д-р Јованка Караџинска – Бислимовска, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
проф. д-р Јордан Минов, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
науч. сор. д-р  Драган Мијакоски, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
науч. сор. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО.


Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

 
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права