28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

02.11.2017


Актуелно  

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЕТИКЕТИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ


На 02.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија, се одржа презентација на Истражувањето на етикетите на определени прехранбени производи. Настанот го организираше Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија и со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Предмет на истражување беа етикетите на определени прехранбени производи во однос на информации поврзани со храната, значајни како за потрошувачите, така и за компаниите – производители и дистрибутери на храна, од аспект на тоа дали се почитуваат задолжителните информации кои треба да ги содржат етикетите на прехранбените производи согласно Правилникот за информации поврзани со храната (Службен весник на РМ бр, 150/2015) и Регулативата на ЕУ од оваа област. Ова истражување беше спроведено како активност во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Македонија, каде што носител е Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ.

 

На настанот беше претставена методологијата за изработка, структурата и содржината на истражувањето и се даде осврт врз заклучоците и препораките поврзани со истражувањето.  

Пред многубројните преставници на компаниите од прехрамбената индустрија и големите маркети, на презентацијата беше претставено на истражувањето на етикетите на определени прехранбени производи во однос на информации поврзани со храната, значајни за потрошувачите, а беше даден и осврт врз заклучоците и препораките поврзани со Истражувањето.

Проф. д-р Лидија Петрушевска – Този посочи дека предмет на истражувањето биле 120 примероци на прехранбени производи и тоа: житарки и производи, преработки од овошје и зеленчук, млеко и млечни преработки, месо и преработки, напитоци, зачини,сол и масло, кои се земени како примероци од трговската мрежа во Скопје, пред се од големите маркети, имајќи го предвид фактот дека во нив е најголема фрекфенцијата на купувачи.

Г-ѓа Маријана Велкова Лончар, претседател на  Организацијата на потрошувачи на Македонија, укажа на потребата од натамошна соработка со бизнис заедницата, со цел да им се овоможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната која ја купуваат, при што најважнот правил е дека означувањето, презентирањето и рекламирањето на храната не смее да го доведе во заблуда потрошувачот.

М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Комората, посочи дека од особена важност е следењето и информирањето на потрошувачите, но и на компаниите од областа на производството и трговијата со храна, за сите активности кои се поврзани со почитување на домашната и европската регулатива и стандарди, бидејќи преку вакви и слични настани за подигнување на јавната свест, водичи и соработка со бизнис-заедницата, уште повеќе се придонесува на подобрување на состојбите на овој план.

Д-р Ката Стојановска од Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така, изрази задоволство поради големата заложба на производителите и трговците на храна за имплементација на оваа регулатива, поради што голем процент од производите денес ги исполнуваат сите потребни услови и стандарди согласно регулативите, што се потврдува и од презентираното истражување, а воочените отстапувања поврзани со нутритивни податоци, заблуда, отсуство на македонски превод и слично се помал процент, кој сите засегнати страни треба да се насочат уште повеќе да се намалува.

Генерална констатација која произлезе од истражувањето е дека етикетите на прехранбените производи главно ги задоволуваат неопходните информации што треба да бидат содржано согласно важечката регулатива, но во интерес на потрошувачите, а и компаниите-производители и трговци со храна, можни се определени подобрувања во делот на информациите за хранливата вредност на производите, поголема читливост на декларацијата, јасни и целосни информации кои ќе исклучуваат било каква заблуда на купувачите, и дополнителни инфорамции за состојките кои предизвкуваат алергии или нетолерантност.

М-р Елена Милевска Штрбевска

 

 

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права