23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Основни информации

Здружение на банкарството


Стабилноста на финансискиот систем значаен услов за економскиот развој и благосостојба

Здружението на банкарството е основано во 1970 година, како стручен облик на организирање и работење во состав на Стопанската комора на Македонија. Членови на Здружението се финансиските организации од Република Македонија - банки, друштва за работа со хартии од вредност, лизинг компании, штедилници, друштва за управување со инвестициски фондови.

Здружението има Управен одбор како орган на управување. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здружението. Здружението има заменик претседател, кој, по овластување на претседателот, раководи со состаноците на Управниот одбор. Претседател на Здружението на банкарството со 4 годишен мандат од 18.03.2016 година е Коста Митровски, претседател на УО и извршен директор на Универзална Инвестициона банка –УНИБанк АД Скопје. На состанокот на Здружението на банкарство одржан на 05.05.2016 година за заменик претстедател беше избран Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици и член на УО на Стопанска банка АД Скопје.

Здружението работи согласно Правила за организацијата и начинот на работа на Здружението на банкарството

Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија од 1 јули 2011 година стана придружен член на Европската банкарска федерација (www.ebf-fbe.eu) со седиште во Брисел , што значи потврда за квалитетното организирање на банкарскиот сектор во РМ како и поттик за следење на европските текови и размена на искуства во оваа дејност.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје

Контакт лице: Милена Перчинкова
Тел: (02) 3244040 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: milena@mchamber.mk
 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права