11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

30.11.2017


Актуелно  

Информативна средба во Штип „Шанса за сите“ - ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Штип, во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 30.11.2017 година, се одржа Информативна средба за промоција на Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година.  Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. 

Настанот го отвори потпретседателката на Регионалната комора со седиште во Штип Весна Ангеличкова, која што се заблагодари за присуството и истакна дека  многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците затоа што само така ќе може да се оствари комуникација и да се слушнат нивните видувања по основ на оваа програма. Исто така, свое обраќање пред присутните имаше и Катица Арсовска, раководител на Центар за вработување Штип. Таа истакна дека станува збор за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, насочена кон претпријатијата кои можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош. Мерката беше презентирана пред 50-тина претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор во регионот. Пред присутните во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), свое излагање имаа Драган Ристовски и Викторија Нешковска, мониторинг-координатори. Тие истакнаа дека Оперативната програма содржи најразлични активни мерки, вклучувајќи субвенционирано вработување и други различни обуки за микро, мали и средни претпријатија, како и  услуги за невработени лица и програми за усовршување, па заради тоа треба што повеќе да се искористи оваа поволност. Исто така, тие истакнаа дека намалувањето на високата стапка на невработеност во земјата е огромен предизвик и главен приоритет.

Регионалната комора со седиште во Штип секогаш им стои на располагање на компаниите-членки и  понатаму ќе претставува поддршка на заинтересираните компании да ги искористат бенефитите од презентираните мерки.

Моника Стоичева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права