28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

30.08.2018 (Форум)
АФИРМАЦИЈА НА ПОТРЕБАТА ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕКУ МОДЕЛОТ,,БИЗНИС АНГЕЛИ”

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

21.03.2018 - 21.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИНКОТЕРМС 2010


Еднодневен семинар на тема:

„ИНКОТЕРМС 2010“

21 март 2018 година, од 12:30 до 16:30 часот
Сала 3 на 3-ти кат, Стопанска комора на Македонија


Семинарот дава одговори на следните прашања:

Што е тоа Инкотермс и зошто 2010?
Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење  содржи Инкотермс правило?
Што значат новите правила DAT и DAP?
Дали на EXW продавачот треба да плати за извозното царинење?
Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA?
Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
Што е разликата помеѓу CIP и CIF?
Дали се покриени сите ризици со осигурувањето по правилото CIF (CIF Solun)?
Зошто е променета FOB точката?
Како да ги користам новите правила Инкотермс 2010?
Зошто и САД од 01.01.2011 година ги користат правилата Инкотермс 2010 и во домашната трговија?
Дали електронската и хартиената комуникација се со иста важност?
Како е регулирана безбедноста при движењето на стоките?
Како влијаат правилата ИНКОТЕРМС 2010 на царинската вредност?
Каква е поврзаноста со новите институтски карго клаузули od 2009 година?
Што плаќа продавачот кога има договорено DDP?
Кои обврски ги имаат страните во секое одделно правило?
Како да се употребува правилно прирачникот за Инкотермс 2010?

 Incoterms® 2010  by the International Chamber of Commerce (ICC)


         Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија,  организира  интерактивен семинар на тема: „ИНКОТЕРМС 2010“, што ќе се одржи на  21.3.2018 година (среда), од 12:30 до 16:30 часот.
  
ПРОГРАМА:

- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2010?
- Кои се предностите на ИНКОТЕРМС?
- Тие се дел од Договорот за ...?
- Што не е ИНКОТЕРМС?
- Поделба во 2 и 4 групи;
- ИНКОТЕРМС и институцските карго-клаузули за осигурување на стока;
- ИНКОТЕРМС и царинската вредност;
- Како да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2010?
- Кои се главните карактеристики на ИНКОТЕРМС 2010?
- Кои правила се укинати, а кои се НОВИ?
- Поединечните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2010:
   EXW, FCA, CPT, CIP, DAT, DAP, DDU, FAS, FOB, CFR, CIF.

Целна група:

Семинарот е намененет за: извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично.

Предавач:

- Карло Змајшек, консултант со 27-годишно искуство во извозно-увозното работење и носител на авторските права за ИНКОТЕРМС 2010 на македонски јазик со одобрение на Меѓународната трговска комора од Париз.

             Сите учесници на семинарот ќе добијат Практичен прирачник за правилата ИНКОТЕРМС 2010.
 
             Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 15.3. 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права