21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.11.2017


Актуелно  

ХОЛДИНГОТ КАКО ФОРМА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ - Иницијатива на Стопанската комора на Македонија за законско нормирање на холдинг друштвата преку уредување на даночен режим приспособен на специфичностите на нивното функционирање


Холдингот како форма на поврзување на компаниите за постигнување на подобри деловни резултати е организациски облик кој постои и успешно функционира во голем број земји во рамките на Европската унија и пошироко. Растот и унапредувањето на работењето на деловните субјекти ја поставува како нужност потребата од поврзување на трговските друштва и овозможување за таквите посебни трговски ентитети да биде уреден посебен режим на функционирање, кој ќе биде приспособен на специфичностите. Уредувањето на прашањата кои се однесуваат за неговото функционирање, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за унапредување на функционирањето на економскиот систем, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (7.11.2017 година).

 

Во европските законодавства, во кои е нормирано работењето на холдингот, уредени се повеќе даночни повластувања. Речиси во сите наведени законодавства предвидено е 100% ослободување од данок на дивиденди и капитална добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите или услови за минимален удел поради оданочување.

Поради наведеното, Стопанската комора на Македонија предлага функционирањето на холдинг-компаниите, терминолошки да се усогласи во законската регулатива која го уредува поврзувањето на трговските друштва во Законот за трговски друштва, каде што и сега се уредени поединости за функционирањето на холдинг-компаниите (односно согласно постојната терминологија: поврзаните друштва), поврзани со контрола и надзор над нивното работење, известување, управување, поднесување на финансиски извештаи и водењето на деловни книги.

М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, на денешната прес-конференција информираше дека Комората ќе поднесе Иницијатива до Владата на РМ, со која ќе предложи во законите со кои се уредува оданочувањето да се уреди посебен даночен режим за холдинг-друштвата, при што уредувањето на овој режим се предлага за своја почетна основа да ги има следните критериуми:

• дивидендите кои фирмата-ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата треба да бидат ослободени од оданочување;
• приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка да биде ослободен од оданочување;
• салдото на трансферираните парични средства кои по својата економска суштина се заеми, во рамките на холдингот (на пример, од владејачкото друштво на фирмата-ќерка и обратно, сестринските фирми), да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година;
• да се создаде законска основа да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка која е основана со определен поголем процент на учество од холдинг-компанијата (владејачкото друштво), да се евидентира и да се објави во годишната сметка на холдинг-компанијата (владејачкото друштво) во истата година;
• повторно да се уреди можноста трговските друштва кои се поврзани во холдинг-компанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс.

Во таа насока е и барањето на Стопанската комора на Македонија за изменување и дополнување на Правилникот за водење сметководство, во согласност со членот 469, став 2 од Законот за трговските друштва, така што се предлага измените на меѓународните стандарди за финансиски известување (МСФИ и МСС), кои во повеќе наврати се ревидирани и дополнувани од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, да бидат интегрално инкорпорирани во македонското законодавство.

Имено, согласно член 469, став 2 од Законот за трговските друштва, меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти се ажурираат на годишна основа за да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Во македонското законодавство, наведените стандарди не се дел од важежкото законодавство во целост, односно после 2009 година, истите не се преведени и како такви, не се објавени во службено гласило на Република Македонија, за да можат да бидат применливи во домашното законодавство. Тоа создава поголеми проблеми во практиката при работењето на деловните субјекти, и тоа како за домашните компании, така и за странските инвеститори, а сето тоа влијае на правната сигурност и воопштво врз интересот за инвестирање и развој на домашното стопанство.

Во таа насока, Стопанската комора на Македонија оценува дека наведените предлози за подобрување на даночниот третман на холдингот,  ќе придонесат за унапредување на работењето на деловните субјекти во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст на системот.

М-р Елена Милевска Штрбевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права