11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

14.12.2017 - 15.12.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY


СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

 - НАЈДОБРАТА АЛАТКА КОЈА Е ИЗМИСЛЕНА ЗА EXCEL УШТЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА PIVOT ТАБЕЛИ -

14-15.12.2017 година (четврток - петок)  
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

        Денес навремените и квалитетни информации имаат голема вредност, а давањето смисла на податоците со кои располагаме влијае на донесувањето одлуки и прави разлика помеѓу успешни и неуспешни компании.
 
 Како да обработите голема количина на податоци? 
        Ова е проблем со кој се соочуваат повеќето компании, а за максимално користење на информациите и креираните податоци кои се корисни за донесување најдобри деловни одлуки потребна е алатка која ќе го овозможи тоа. А токму Microsoft Excel е алатка која треба да ја поседува секој успешен менаџер. Со доброто познавање на Excel менаџерите ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот.
        Power Query претставува дел од сетот аналитички алатки во рамките на Microsoft Excel кои Ви овозможуваат да истражувате, поврзувате, комбинирате и преобликувате податоци во согласност со своите потреби. Power Query е бесплатен додаток за Microsoft Excel кој е достапен за верзиите Excel 2010 и секоја понова верзија.


Доколку вашите активности вклучуваат работи како што се:
• бришење редови, колони и празни келии;
• филтрирање податоци кои не ви се потребни;
• корегирање на табели и нивни приспособувања за работа со Pivot;
• oдвојување или спојување на текст или колони;
• отстранување празен простор или специјални карактери од податоците;
• спојување на работни листови (worksheet), текст/CSV датотеки;
• преземање податоци од надворешни бази на податоци;
• додавање месечни податоци во постојни извештаи;
• … и сите слични активности кои одземаат многу време, а за кои не се бара креативност.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ТРЕНИНГОТ?

Тренингот е наменет за професионалци кои се занимаваат со креирање извештаи и анализа на податоци: финансиски аналитичари, вработени во секторот финансии, сметководство, продажба и слично. За следење на тренингот неопходно е познавање на Excel, креирање едноставни извештаи и графикони.

ПРОГРАМА:

- Што е Power Query;
- Извори на податоци;
- Комбинирање на повеќе извори на податоци;
- Трансформација и чистење на податоци;
- Дестинација на податоците и освежување на пребарувањето;
- М – јазик;
- Параметарски табели и функции.

На крајот на тренингот учесниците ќе бидат во способни да:
- креираат комплексни извештаи со помош на Excel;
- креираат интерактивни извештаи кои можат да се приспособат на крајните купувачи;
- креираат извештаи во согласност со принципите и техниките за визуализација на податоците;
- извршат избор на начинот на презентирање на податоците;
- креираат сложени и интерактивни извештаи со помош на кои можат да    обезбедат нов аспект кон деловните информации.

Предавач:

 - Александар Матиќ, дипломиран машински инженер, раководител и тренер на Центарот за едукација и управување со проекти при Стопанската комора на Србија во областа на бизнис интелигенција, управување со проекти и финансиска анализа. Активно вклучен во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка како проект менаџер и експерт. Тој е раководител на Проектот „Clusters’ Orientation towards Up-to-date technologies and models for common Development (CLOUD)“ финансиран од страна на ЕУ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- работен материјал; 
- ручек и освежување;  
- сертификат за присуство на семинарот.

*НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ТРЕНИНГОТ,
ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Сите заинтересирани за учество на тренингот можат да се пријават најдоцна до 11 декември 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права