25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

31.10.2018 - 31.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ


Eднодневен семинар:
 
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31 октомври 2018 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


          Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% електронски јавни набавки, а голем број   понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди ЕСЈН - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“, поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично.

          На семинарот детално ќе биде објаснет процесот на спроведување на електронските постапки на ЕСЈН, ќе се споделат искуства кои се однесуваат на најчестите грешки кои се прават од страна на економските оператори во текот на постапките, како и начините на нивно отстранување. По завршување на семинарот  понудувачите ќе можат поуспешно да ги подготват своите понуди, а со тоа и да бидат поконкурентни на пазарот на јавни набавки.
 
ПРОГРАМА:

- Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН;
- Постапка за регистрација на ЕСЈН и можностите кои ги нуди ЕСЈН во профилите на економските оператори;
- Предности од електронски постапки за јавни набавки и на што да се внимава;
- Постапка за преземање тендерска документација и поставување прашања до комисијата задолжена да ја спроведува набавката;
- Насоки за подготовка на електронски понуди;
- Пребарување објавени тендери и договори;
- Електронски систем за јавни набавки – корисни алатки и е-аукции/конечна цена;
- Дигитални потписи и начин на аплицирање;
- Најчести грешки!
 
На семинарот ќе се разгледува најактуелната тема за е-јавни набавки, и тоа:
- Како да ги користите бенефитите од ЕСЈН;
- Најбрзо да дознаете за новите тендери и преглед на ТД без регистрација;
- Успешна подготовка и поднесување електронска понуда;
- Е-тендерско досие / профил на економски оператор;
- Објава на тендери од меѓународни институции;
- Правилно користење на дигитални сертификати.

Предавач:
Драгана Тасевска, сертифициран обучувач за јавни набавки, вработена во Бирото за јавни набавки, директно вклучена во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија.

Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 26.10.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права