23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.12.2017


Актуелно  

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА И ЗАЕДНИЧКИ БИЗНИС-СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ОД ПЕРНИК, РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА


Делегација на Трговско-индустриската комора на Перник, Бугарија, предводена од претседателката г-ѓа Бојка Павлова, оствари работна средба со оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска.

 

Претседателката на Индустриската Стопанската комора на Перник истакна дека нивната комора има брои околу  500 компании членки и тоа претежно мали и средни компании, кои имаат потреба од интензивирање и продлабочување економската соработка.

 

Оперативниот директор м-р Елена Милевска Штрбевска истакна дека во сите изминати години Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, покрај соработката со Трговско-индустриската комора на Бугарија, остварува одлична соработка и со регионалните комори во Бугарија, а се забележуваат и значајни резултати за продлабочување на билатералната соработка. Истакна дека Репубика Бугарија како наш најблизок сосед и членка на Европската Унија претставува исклучително важен партнер во спроведувањето на заеднички активности за унапредување на надворешно-трговската соработка.

 

На средбата со претставниците се дискутираше за можностите за интензивирање на соработката, за понатамошно одржување на заеднички бизнис средби и учество на саемски манифестации, кои би се оствариле во првата половина од следната година. Исто така, беше истакната потребата и од заедничко учество на  проекти за прекугранична соработка, кои се од значење за двете комори чија цел е да придонесе за реализирање на конкретни деловни активности помеѓу компании од двете земји.

Сашо Деспотоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права