Список на даночни стапки применети во земјите членки на Европската унија од 1 мај 2010 година. Преференцијалните даночни стапки кои не се наведени во табелата, се објавени на официјалната страна на Европската Комисија: http://ec.europa.eu/taxation_customs/taxation/vat
Како функционира Европската Унија
Граѓански водич низ ЕУ институциите-
Историјат на формирање на Европската Унија, органи и тела на ЕУ и перспективите на европското семејство
Три главни институции на Европската Унија се:
• Европскиот Парламент, кој ги претставува граѓаните на ЕУ и е директно избран од нив
• Советот на Европската Унија кој ги претставува индивидуалните земји членки
• Европската Комисија, која ги застапува и штити интересите на Унијата како целина. Повеќе... (англиска верзија)
Европската комисија предложи продолжување на автономните трговски преференцијали за Западен Балкан
Европската комисија на 22 февруари 2010 година го усвои предлогот за продолжување на повластените автономни трговски преференцијали за земјите од Западен Балкан до 2015 година.Целта на овој предлог е да загарантира дека економиите на Западен Балкан и понатаму ќе можат да го користат неограничениот бесцарински пристап до пазарот на ЕУ за скоро сите производи кои потекнуваат од овие држави и територии. Повеќе...
Диајгоналнa кумулација Црна Гора - Турција - ЕУ од 1.03.2010
Во рамките на стабилизација и асоцијација, поврзување на земјите кои се во процесот со Турција и ЕУ преку дијагоналната кумулација на поттекло , по Македонија продолжува со Црна Гора. Од 1 март 2010 година, ќе се вприменува дијагобнална кумулација на потеклото помеѓу Република Црна Гора - Турција - ЕУ. Повеќе...
Безбедна употреба и користење хемикалии REACH (Registration, Evaluation and Autorisation of Chamicals) e нова регулатива на ЕУ врзана за хемикалии во однос на нивната безбедна употреба и користење.
Примената на REACH улативата почнува од 1 јуни 2008 година, со пред-регистрација во Европската агенција за хемикалии (ECHA) во Хелсинки, која трае до 31 декември оваа година.Повеќе...
Нови правила за пестицидни остатоци - гаранција за безбедност на храната
Од 1 септември 2008 година, нови стандарди наметнуваат униформирани лимити за пестицидните остатоци во храната, на територијата на ЕУ.
Новите стандарди се во насока да обезбедат заштита на потрошувачите и олеснување на трговијата и увозот.
Изложени сме на пестициди кога мали количини се оставени на житните приноси, кои го наоѓаат својот пат до храната која се конзумира. Воспоставени се лимити за овие остатоци со цел да се минимизира изложеноста на потенцијални ризици по здравјето.
Законот за пестицидни остатоци опфаќа околу 1100 пестициди кои се користат во земјоделието, во или надвор од ЕУ. Ги листа максималните нивоа на остатоци за широк спектар на производи (месо, млеко, зеленчук, зачини и храна за животни).
Претходно Европската Унија имаше воспоставено лимити за некои пестициди, додека одредени земји беа одговорни за други. Остатоците кои беа над лимитот во една земја беа прифатливи во друга, додека за некои пестициди не постоеа никакви лимити. Недостатокот од унифицираност создаваше конфузија како за трговците, така и за потрошувачите.
Новите лимити ги земаат во предвид потребите на најзасегнатите групи, бебињата и децата.
Повеќе информации можат да се најдат на: http://ec.europa.eu/news/environment/080903_1_en.htm
До 2013 година, процедурите на царињење во ЕУ ќе бидат
целосно електронски
Трговија и царина без хартија - дел од Лисабонскаат стратегија за конурентна економија и процесот на создаванје е-Владата. Повеќе...
Предложени појасни ознаки за храната во ЕУ
Европската комисија усвои предлог за користење појасни и порелевантни декларации на препакувана храна за потребите на потрошувачите во ЕУ. Индустријата треба да има корист од предложените нови правила, кои даваат поусогласена рамка за означување на храната се со цел да се избегнат можните нејасности.
Предлогот бара содржината со податоците за енергетската вредност, мастите, заситената маст, јагленохидратите и солта да биде јасно изнесена на предната страна на производот. Со новите правила, рестораните ќе мораат да укажат на тоа дали храната која ја служат содржи супстанции кои предизвикуваат алергија.
Усвоена Директива од страна нa Европската Комисија со која се утврдуваат специфични критериуми за чистота на адитивите во храна освен за бои и засладувачи. Повеќе...
Министрите за внатрешни работи на ЕУ усвоија Спогодба за имиграција и азил
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на 25 септември 2008 во Брисел усвоија Спогодба за имиграција и азил, со која се одредуваат генералните принципи за регулирање на приемот на странци во 27-те држави на Унијата. Повеќе...
Нови ЕУ правила за безбедни играчки
Европскиот Парламент го прифати предлогот на Европската Комисија на 18 декември 2008 година, суштински да ги зајакне ЕУ правилата за безбедност на играчките. Повеќе...