14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

11.12.2017 - 11.12.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала4, 5-ти кат,  Македонија

ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА


Еднодневна обука:

ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА – НАПРЕДНА МЕТОДОЛОГИЈА

11.12.2017 (понеделник)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Целта на оваа интерактивна обука претставува обезбедување на конкретни упатства и know-how за дизајнирање и спроведување на ефикасен и ефективен процес за обработка на поплаки/жалби за сите видови комерцијални или некомерцијални активности, вклучувајќи ги и оние поврзани со електронската трговија. Таа е наменета за вработените во организацијата и нејзините клиенти, подносителите на поплаки/жалби, како и други заинтересирани страни (мало продажба и големо продажба).

Информациите добиени преку процесот на обработка на поплаки/жалби може да доведат до подобрување на производите и процесите. Кога жалбите се соодветно поставени, може да ја подобрат репутацијата на организацијата, без оглед на големината, локацијата и секторот.
Справувањето со жалби преку планиран процес како што е дефинирано во секој систем на работа, може да го подобри задоволството на клиентите. Поттикнувањето повратни информации од клиентите, вклучувајќи и поплаки ако клиентите не се задоволни, можат да понудат можности за одржување или зајакнување на лојалноста на клиентите и подобрување на домашната и меѓународната конкурентност.

Имплементација на процесот за постапување со поплаки/жалби ќе биде обработена за време на обуката, и тоа преку следните теми:
- да се обезбеди пристап на клиентот до отворен директен разговор;
- да ја зајакне способноста на организацијата да ги разрешува жалбите на 
  конзистентен, систематски и одговорен начин, на задоволство на  
  подносителот;
- подобрување на способноста на една организација да ги идентификува 
  трендовите и да ги елиминира причините за поплаките, како и да ги подобри 
  операциите на организацијата;
- да помогне организацијата да создаде приод фокусиран на клиентите за 
  решавање на жалбите, и да го охрабри персоналот да ги подобри своите 
  вештини за работа со клиенти;
- да обезбеди основа за континуирано преиспитување и анализа на процесот на 
  обработка на жалбите, решавање на поплаките и подобрување на процесот.

Целна група:
-продавачи во малопродажба и/или големопродажба, вработени во сектор/процес поврзан со рекламации; вработените кои комуницираат со клиенти; менаџери кои се одговорни за решавање на поплаки/жалби/рекламации.

Цели на обуката:
Оваа обука се однесува на следните клучни аспекти во однос на постапување во однос на  поплаки/незадоволство на клиенти и ефикасно решавање на конфликтни ситуации во деловните процеси (понуда на производи и услуги, набавка, производство, финансии и слично):
- подобрување на задоволството на клиентите преку создавање средина 
  фокусирана на клиентите која е отворена за повратни информации 
  (вклучувајќи ги и жалбите), решавање на сите примени жалби и подобрување 
   на способноста на организацијата да го подобри својот производ и услуги на 
   клиентите;
- вклучување и посветеност на врвниот менаџмент преку соодветно стекнување 
  и распоредување на ресурси, вклучувајќи обука за персонал;
- т.н. признавање и решавање на потребите и очекувањата на подносителите;
- обезбедување на подносители на поплаки/жалби со отворен, ефикасен и лесен 
  начин за толкување на поплаките и незадоволството на клиентот;
- анализирање и оценување на поплаките/жалбите со цел да се подобри 
  квалитетот на производот и услугите на клиентите;
- ревизија на постапката за обработка на поплаки/жалби;
- разгледување на ефективноста и ефикасноста на постапката за обработка на 
  жалби.

Оваа интерактивна обука е во корелација со сите права и/или обврски што се предвидени со важечките законски или регулаторни барања.


Предавач:

- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 6 декември 2017 година.
Во прилог: Агенда и Пријавен лист.


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права