22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Бизнис-настани

10.10.2017 - 10.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Забрзаните постапки (постапки за порамнување и спогодување) согласно Закон за прекршоците и улогата на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка


Еднодневна обука на тема:

Забрзаните постапки (постапки за порамнување и спогодување) согласно Закон за прекршоците и улогата на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

10.10.2017 година (вторник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

        Стопанската комора на Македонија ве поканува на еднодневна обука на тема: „Забрзаните постапки (постапки за порамнување и спогодување) согласно Закон за прекршоците и улогата на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“.

ПРОГРАМА:

- Видови на прекршочни санкции за правни лица и трговец поединец;
- Одмерување на глоба за правно лице и трговец поединец;
- Посебни прекршочни мерки (конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети);
- Застареност (застареност за поведување и водење на прекршочна постапка, застареност на извршувањето на прекршочните санкции);
- Забрзани постапки за порамнување (мандантна постапка со издавање на мандатен платен налог и постапка за издавање на прекршочен платен налог) и забрзани постапки за спогодување (постапка за спогодување со правни лица);
- Прекршочна постапка (пред прекршочен орган и судска постапка);
- Инспекциски надзор во областа на работните односи.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

          Обуката е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните сектори на правните лица, како и зa лица од останатите сектори во делот на запознањето со основите норми за прекршочната постапка и поврзаноста на оваа постапка со инспекцискиот надзор во областа на работните односи.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА

          Запознавање со законските одредби од прекршоците особено кога е во прашање нормалното функционирање на правните лица и во таа смисла преземање законски  можности за остварување на правата на правните лица како пред прекршочен орган, така и пред надлежните судови во Р. Македонија.

Како придобивки од оваа обука се следните:

• зголемена ефикасност во решавањето на предметите поврзани со прекршоците;
• економичност во функционирањето на правните лица;
• зголемен квалитет на знаење за законските можности во остарувањето на правата поврзани со прекршочните санкции;
• создавање на подготвеност за справување на ризиците поврзани со инспекцијата во областа на работните односи.

ПРЕДАВАЧ:

- М-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат со големо искуство од правните работи и предмети поврзани со сите области од правото, а особена експертиза  во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Има магистирано на тема од областа на договорното право и има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите како физички така и правни лица пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓање на правни решенија кои се клучни за успешното деловно работење на компаниите. Еден период истата беше и колумнист во списанието HR за човекови ресури каде главните теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 6.10.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права