25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Македонско-полски бизнис клуб

Македонско-полски бизнис клуб

На 18 ноември 2015 година во рамките на Стопанската комора на Македонија е формиран и официјално започна со работа Македонско-полскиот бизнис клуб.

Според последните анализи направени од страна на меѓународни консалтинг куќи за истражување со цел согледување на можностите за пробивање на македонските компании на нови пазари, Република Полска претставува еден од најбрзо растечките  пазари во Централна  Европа со силен домашен пазар, низок приватен долг, поради што успева да се справи со актуелната глобална економска криза. Карактеристично е што во земјата силно се развива приватниот сектор, кој привлекува и голем обем странски инвестиции. Во Република Полска се наоѓаат 40% од 500-те најголеми компании во Централна Европа. Република Полска е дел од Шенген-зоната и од единствениот пазар на ЕУ, што значи дека трговијата со Република Македонија е либерализирана. Полската индустрија е доста развиена особено во делот на производство на  електронска опрема, автомобили, автобуси, хеликоптери, транспортна опрема, локомотиви, авиони, бродови, воена опрема, медицински апарати, храна, облека и др. Во полскиот увоз доминираат машини, транспортна опрема и хемикалии.

Клубот е формиран на барање на компаниите-членки на Комората, а главна цел на Клубот е да стане место за средба и прием на македонските и полските претприемачи за стопански активности помеѓу двете земји, да им помогне на компаниите да најдат  соодветни партнери за иницирање и продлабочување на соработката, како и дополнување на официјалните институции кои ги помагаат билатералните стопански односи помеѓу Република Македонија и Република Полска. Во Клубот членуваат претставници на еминентни македонски компании коишто веќе имаат воспоставено соработка, но и оние коишто би сакале во иднина да соработуваат со компании од Република Полска.

Претседател на Клубот е м-р Горан Антевски, директор на компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ - Скопје, а почесни членови на Клубот се и Н.Е. Јацек Мултановски, амбасадор на Р. Посла во Р. Македонија и господин Коста Костовски, почесен конзул на Р. Полска во Р. Македонија.



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права