11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Награда на Комората

Коморска награда

 

ОДБЕЛЕЖАНА 95 ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА НАЈСТАРАТА И НАЈБРОЈНАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА, СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Одбележувањето на годишнината беше збогатена со организирање на тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, иницирана од двегодишната работа на стопанските комори и нивните членки за развивање и практично заживување на една значајна иницијатива - Иницијативата за поврзување  на претприемачите од малите земји, која произлезе од потребата за нивно поврзување, заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во особено тешки времиња.

По повод значајниот јубилеј, традиционално на овој настан се додели и Наградата на Стопанската комора на Македонија на следните компании- членки на Комората: ИГМ Трејд ДОО – Кавадарци; Мали хидроелектрани (МХЕ) – Скопје; Халкбанк АД – Скопје; Алкалоид АД – Скопје; Дуна комјутери ДОО Скопје; ЗЗ Единство, Тетово; Печатница Европа 92 ДООЕЛ Кочани.

Специјални признанија на Стопанската комора на Македонија се доделија на г-дин МИНЧО ЈОРДАНОВ, претседател на Бордот на директори на МАКСТИЛ АД – Скопје и г-дин НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ, заменик генерален директор на Рудникот БУЧИМ ДОО – Радовиш.


Комората традиционално доделува и Награда за најдобар партнер на Стопанската комора на Македонија од државните институции, а добитници на наградите за добрата соработка во 2016 година се Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија
и Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

 ________________________________________________

Стопанската комора на Македонија, традиционално, по повод Денот на Комората 18-ти февруари,  доделува награди и признанија на Стопанската комора на Македонија . Согласно Правилникот за условите и начинот на доделувањето на награди и признанија на Стопанската комора на Македонија наградата се доделува на:

* трговски друштва - членки на Комората, од областа на стопанството за постигнати резултати во зголемувањето на производството, продуктивноста, економичноста во работењето и заштита на животната средина, најмалку три години едноподруго;

* менаџери за постигнати особени резултати во унапредувањето на организацијата на работењето, производството, прометот и услугите, најмалку три години едноподруго;

* инвеститори за постигнати резултати во зголемување на производството, поттикнување на економијата и воведување на нови технологии и нови технички достигнувања, во последната година;

* трговци поединци за постигнување на посебни резултати во давањето на трговски услуги во последната година;

* трговски друштва за најдобра веб страна според функционалност, корисност, креативност и дизајн во последната година.

Иницијатива за доделување на наградите и признанијата можат да покренат органите, телата и облиците на организирање и работење на Стопанската комора на Македонија, трговски друштва и стручни здруженија.

Предлозите со образложение се доставуваат до Стопанската комора на Македонија, ул. “Димитрие Чуповски” бр. 13 - Скопје, каде може да се добие и формулар за аплицирање, како и пооделните критериуми за условите и начинот на доделување на наградите и признанијата на Комората, по дејности, предложни од здруженијата и асоцијациите во рамките на Стопанската комора на Македонија, а прифатени од Одборот за награди и признанија.

Одлуки и Регистар на добитници

МАКИНОВА

МАКИНОВА, како традиционална   интернационална изложба на пронајдоци, технички унапредувања, иновации, иновирани и нови производи И творештво на млади , се одржува традиционално секоја година во рамките на “Технома “ на Скопсиот саем во Скопје,во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Република Македонија СПАТУМ, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за економија- Биро за заштита на индустриска сопственост на Република Македонија,

Стопанската комора на Македонија, Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија и Скопскиот саем. Традиционално секоја година  за најуспешните иновации на “Макинова” се  доделуваат награди и признанија, плакети, повеќе парични награди, а највисоката награда Гран При (Преодниот пехар на Организациониот одбор) традиционално секоја година  ја доделува Стопанската комора на Македонија.

          

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Љупка Самарџиска
Тел: ++ 389 2 3244018 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ljupka@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права