24.04.2014 (Саем)
Меѓународен саем за конфекциски машини, машини за везење и нивни додатоци „CLOTHING MACHINERY 2014“

24.04.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: Имплементација на Законот за финансиска дисциплина“- обврски за засегнатите страни, согледувања и препораки пред негово влегување во сила од 1 мај 2014-

25.04.2014 (Семинар)
"Објавување на слободни работни места, права и обврски кои произлегуваатод работен однос, откажување на договор за вработување и влијанието на измените во чл. 94 од ЗРО при откажување на договорот за вработување од причини на вина од страна на работн

29.04.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар:„Нови прописи кои произлегуваат од Законот за архивски материјал”-Уредба и упатство за канцелариско и архивско работење-

05.05.2014 (Семинар)
Дводневна обука на тема:„Интегриран систем за калкулација на трошоци и негова практична примена“

07.05.2014 (Семинар)
,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ КОИ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 1 МАЈ 2014 ГОДИНА И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА”

08.05.2014 (Семинар)
Советување на тема:„Анализа и управување со пласмани и рани знаци на превенција од создавање на лоши пласмани“

20.05.2014 (Бизнис средби)
Медицина - Сребрена економија - деловни средби во Париз

29.05.2014 (Бизнис средби)
Бесплатни ИТ-средби и Конференција „Дунав ИТ 2014“, Нови Сад

29.05.2014 (Конгрес)
6. Меѓународен металуршки конгрес: „Металургија, материјали и животна средина“

08.06.2014 (Саем)
CICGF - China International Consumer Goods Fair - Central and Eastern European Countries’ Products Expo 2014, Една од најголемите саемски манифестации за стоки за широка потрошувачка во НР Кина

13.06.2014 (Саем)
„FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ - најголемиот Саем за текстил и мода во Грција (13 до 16 јуни 2014 година, Атина, Р. Грција)

Бизнис-настани

22.03.2013 - 22.03.2013


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Обука за стручно оспособување на меѓународни возачи


Обука за стручно оспособување на меѓународни возачи

22 март 2013 година
12:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, сите возачи што вршат превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај, задолжително мора да поседуваат Сертификат што го издава Министерството за транспорт и врски, чија важност изнесува 5 години и која треба да се продолжи по изминувањето на овој рок.
Сертификатот за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај се издава врз основа на уверение за положен испит, а по претходно спроведена стручна обука за таа цел. За продолжување на еднаш издадениот сертификат за меѓународни возачи  треба повторно да се полага испит, со приложување на Потврда за посетена стручна обука.
Стопанската комора на Македонија согласно Законот за превоз во патниот сообраќај е овластена да врши стручно оспообување на меѓународни возачи. За таа цел, Ве покануваме да се пријавите на обуката која ќе започне на  22 март 2013 година во Стопанска комора на Македонија во сала 1 на 5-ти кат.

Целна група

Стручното оспособување е наменето за сите возачи што вршат превоз на патници или стоки во меѓународниот патен сообраќај, без разлика на основната дејност на компанијата во која што се вработени (автобуски превозници, товарни превозници, увозно-извозни компании, логистички оператори, царински посредници, трговски компании, производни фирми, туристички агенции, заинтересирани приватни лица и др.)
Законска обврска за стручна обука имаат сите возачи вработени во правни лица што се вклучени во меѓународниот патен сообраќај, како и заинтересираните приватни лица-возачи кои по службена основа ќе бидат вклучени во  меѓународниот патен сообраќај и тоа:
 Возачи коишто до сега немаат полагано испит за добивање на Сертификат за меѓународни возачи,
 како и возачи коишто веќе имаат добиено Сертификат на којшто му изминува рокот на важноста од 5 години и чија важност треба да се продолжи за наредниот период.

Содржина на стручното оспособување

Стручното оспособување  на кандидатите - возачи и управители се врши согласно со темите утврдени во “Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај“(„Службен весник на РМ“ бр. 39/07, 4/08, 20/09, 149/09, 38/12, 88/12 и 90/12), со кои се опфатени следните тематски области:

 Безбедност на сообраќајот на патиштата
 Меѓународен превоз на патници
 Меѓународен превоз на стоки


Предавачи:Експерти од соодветната област.

Сите учесници на обуката ќе добијат:
 работен материјал
 потврда за посетена обука.

Заинтересираните за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 20 март 2013 година на наведените контакти.

Во прилог: Пријавен лист;


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Митко Митевски
Тел: ++ 389 2 3244015
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mite@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk



  Најново издание на Бизнис огласник!


business opportunities chamber economic chamber of macedonia demand offer trade import
export investment стопанска комора на македонија arbitration request club
  понуда побарувачка банка увоз извоз царина сертификат арбитража саем размена
инвестиции бизнис директор стопанство ponuda pobaruvacka
banka uvoz izvoz carina sertifikat arbitraza saem razmena
investicii biznis direktor stopanstvo


Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права