19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

21.09.2018 - 21.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ


Еднодневен семинар на тема:

НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
21.9.2018 година (петок)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

       Стопанската комора на Македонија, на 21 септември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од Законот за работни односи. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА:

- Измени во одредбите за објавување на слободни работни места;
- Еднаков третман на работниците вработени со договор за  
  вработување на определено време и работниците вработени 
  со договор за вработување на неопределено време;
- Измена на одредбите од договорот за вработување со лица 
  помлади од 18 години;
- Откажување договор за вработување;
- Измени при откажување на договорот за вработување од лични 
  причини на страна на работникот;
- Престанок на договор за вработување од деловни причини - 
  измени;
- Измени во постапката при прекин на договор за вработување 
  поради возраст на работникот;
- Влијание на измените во Законот за работните односи врз 
  надлежностите и овластувањата на инспекцијата на трудот при 
  вршењето на надзор од областа на работните односи и мерките
  кои може да ги преземе инспекторот за труд;
- Покренување на прекршочна постапка против работодавач и 
  постапка по жалба по одлуки донесени од страна на инспекторот 
  за труд.

Предавачи:

- д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје;                                
- м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II - Скопје и
- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.


Рок за пријавување: 17.9.2018 година

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права