13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.12.2017


Актуелно  

АСОЦИЈАЦИЈАТА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ВО ИТ-СЕКТОРОТ И ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ


На 7.12.2017 година, во Стопанската комора на Србија, во Белград, се одржа пленарна седница на Асоцијацијата на балканските комори, во која членуваат стопанските комори од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Кипар, Македонија, Романија, Србија и Турција.

Во текот на 2017 година претседавач на Асоцијацијата беше Стопанската комора на Србија и во таа насока од нивна страна беа реализирани определени активности кои имаа за цел подобрување на соработката помеѓу коморите - членки.

 

На официјалното отворање на седницата се обрати претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж кој ги истакна досегашните реализирани економски иницијативи во насока на зголемување на меѓусебната соработка помеѓу земјите. Од особена важност за земјите во регионот е подобрување на конкурентската способност, особено во делот при настапот на странски пазари и, секако, подобрување на нивото на странски директни инвестиции кои на долг рок ќе придонесат за зголемен економски раст и стабилност на пазарите.

На средбата се обрати и Рифат Хисарџиклиолу, претседател на Унијата на комори и берзи од Турција, кој го истакна своето задоволство што во текот на следната 2018 година Турција ќе биде претседавач со Асоцијацијата.

После поздравните обраќања од домаќините, присутните беа поканети да дискутираат за темите кои е предвидено дека ќе придонесат за реализирање на зацртаните економски цели во регионот. На седницата се дискутираше за потенцијалите во ИТ-секторот како еден од најпросперитетните економски сектори денес.

Особен акцент во дискусиите беше ставен и на дуалниот модел на образование, кој има за цел профилирање на кадрите од формалното образование согласно потребите на пазарот на труд. Дуалниот модел подразбира комбинација на теоретски предавања во образовна институција, додека практичниот дел во целост се реализира во работна средина во компанија. Овој модел предвидува полесна транзиција од образовна во работна средина.

Освен наведеното, присутните дискутираа и за креирање на мрежа за заеднички настап на трети пазари, иницијатива преку која ќе можат да се намалат трошоците поврзани со отворање на нови пазари и трошоците кои произлегуваат од самиот извоз.

Во излагањата на претставниците од Турција, освен за наведените теми, се иницираше и потребата од поголемо интензивирање на активностите во областа на женското претприемништво, тема која треба да биде дополнително актуелизирана во текот на 2018 година.

м-р Борис Тримчев











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права