23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.11.2017


Актуелно  

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржано предавање на тема: „ПОСТАВЕНОСТ, ОРГАНИЗАЦИЈА И ВАЖНОСТ НА СРЕДЕН МЕНАЏМЕНТ“


         Следејќи ја годишната програма на Клубот на менаџери - претприемачи, на 10.11.2017 година, беше реализирано предавањето „Поставеност, организација и важност на среден менаџмент“, во соработка со Михаил Китановски, предавач и консултант со долгогодишно меѓународно искуство, сопственик и управител на компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“.
Менаџментот е комплексна задача која во денешни услови тешко може да биде вршена само од еден човек и затоа, по правило, управувањето во големите организации е доверено на група луѓе - менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуство и вештини потребни за успешно изведување на задачата. 
          Четирите основни предизвици со кои се соочуваат менаџерите во денешно време се: остварување на конкурентска предност; одржување на етичките стандарди; раководење со разнородна работна сила и користењето на новите технологии и информатички системи. Според Китановски, остварувањето на конкурентската предност е поврзано со искористеноста на ресурсите (работната сила и суровините), зголемената ефикасност, квалитетот, внесувањето иновации во работењето и задоволување на барањата на потрошувачите и корисниците на услугите.

          Oдржувањето на етичките стандарди е многу важен принцип, особено кога се врши притисок врз менаџерите од страна на акционерите за повисок профит и остварување дивиденда. Во такви услови менаџерите треба да најдат начини преку подобро организирање и планирање да ја постигнат целта без да прибегнат кон драстични мерки и тортура врз вработените.
Осврт на поставувањето, организацијата и важноста на средниот менаџмент преку презентација направи и Јасмина Цветаноска, која работи како координатор за човечки  ресурси во Комерцијална банка АД - Скопје  и е член на Одборот на директори на „Европа“ АД - Скопје и „Макошпед“ АД - Скопје.
 Според неа, успехот на една организација во најголема мера зависи од квалитетот на лидерството и менаџментот на сите нивоа во неа. Способност да се водат луѓето и процесите е гаранција дека кои и да било предизвици и ситуации низ кои ќе помине организацијата ќе бидат надминати на најмудриот и најефикасниот начин. Вложувањето во развојот на клучниот раководен кадар е вложување во сегашноста, но и во иднината на компанијата.
 Способност да се водат луѓето и процесите е гаранција дека кои и да било  предизвици и ситуации низ кои ќе помине организацијата ќе бидат надминати на најмудар и најефикасен начин. Вложувањето во развојот на клучниот раководен кадар е вложување во сегашноста, но и во иднината на компанијата.
Иако често преку правдање дека вработените не се на потребното ниво и се бараат причините за нецелосниот успех, мора јасно да се истакне дека светлите примери на организации во кои има изразено лидерство и менаџмент покажува дека проблемот лежи на друго место. Со идеални вработени и најслабиот лидер ќе постигне резултати. Уметноста е со не идеални вработени (како што е секогаш во реалноста) да постигнеш максимални резултати, без оправдувања и наоѓање изговори.

          Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права