13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

29.11.2017


Актуелно  

Регионална комора со седиште во Велес - ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ


На 29.11.2017(среда) во Хотел Романтик во Велес се одржа Петтата пленарна седница на Регионалната комора со седиште во Велес. Седницата ја водеше претседателот  на Регионалната комора, Георги Чадиев., а покрај членовите на Управниот одбор присуствуваа и оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, Елена Милевска Штрбевска и Љупка И.Самарџиска, Виш советник во дирекцијата на Здруженијата според дејности и Регионални комори.

 

На седницата беше предложена и усвоена номинацијата за избор на член во Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија, при што членовите на Управниот одбор го номинираа  Димче Панов, сопственик на „Инса водаинжињеринг“ Велес како преставник од Регионалната комора со седиште во Велес. По однос на проблемите во примената на законските решенија во процесот на јавни набавки со предлози за нивно надминување во новиот Закон за јавни набавки, Љупка Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, информираше за досегашните согледувања на Комората за потребата од измени на законските решенија кои го регулираат системот на јавните набавки. Врз основа на дефинираните, но и дополнителните предлози кои беа дадени на оваа седница, како и на седниците на другите облици на организирање и работење на Комората, од страна на членките, Стопанската комора на Македонија ќе ги систематизира сите проблеми, иницијативи и предлози за подобрување на системот на јавни набавки во Република Македонија и ќе ги достави до Бирото за јавни набавки, со цел нивно инкорпорирање во новиот Закон за јавни набавки.

На крајот на седницата, претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев, даде предлогот а се направи подготовка и печатење на брошура, со цел промоција на фирмите и можностите на стопанството од велешкиот регион. Овој предлог беше усвоен од членовите на Управниот одбор.

Ирена Жарова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права