11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

29.11.2017


Актуелно  

ПРЕВЗЕМЕНО - Презентирана првата Студија за социо-економското влијание на Пивара Скопје - Повеќе од 44 милиони евра за домашната економија и 21 милион евра во буџетот годишно од Пивара Скопје


Со своето работење Пивара Скопје годишно создава 44,6 милиони евра бруто додадена вредност за македонската економија. Околу 6.000 лица во земјава целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на создавање вредности на Пивара Скопје, која годишно обезбедува 13,7 милиони евра личен доход за своите вработени, како и за вработените во компаниите со кои соработува, што е еднакво на просечната месечна плата на 25.000 лица во земјава. Вкупниот годишен придонес на компанијата во буџетот на земјата надминува 21 милион евра, што претставува 12% од целокупниот данок од добивка во државата за 2016 година. Кон ваквиот придонес на Пивара Скопје се додава и оној на партнерот – The Coca Cola Company, која само минатата година инвестираше над 1,4 милиони евра во македонската економија. 

 

Ова се дел од индикаторите за учеството на Пивара Скопје во развојот на македонската економија, кои во форма на заклучоци се издвоени во првата Студија за социо-економското влијание на компанијата што беше презентирана во Стопанската комора на Македонија, пред претставници на бизнис-секторот, на институциите на државно и на локално ниво, на академската заедница, дипломатскиот кор во земјата и на организации од граѓанскиот сектор. Целта на оваа студија, изработена според научна методологија од реномираната меѓународна консултантска куќа „Deloitte Sustainability Consulting“, е на транспарентен, независен и објективен начин да се одреди и да се прикаже пред целокупната јавност влијанието и значењето што Пивара Скопје го има во развојот на домашната економија и просперитетот на заедница.

Во Студијата, која е прва од ваков вид во земјата, е содржано и дека секое работно место во компанијата придонесува за дополнителни 3,6 работни места во земјата. Пивара Скопје обезбедува работа за 1.000 добавувачи, од кои годишно набавува стоки и услуги во износ од 33,6 милиони евра. Компанијата соработува со повеќе од 13.000 бизнис-ентитети во земјата, со што остварува позитивно влијание врз развојот на повеќе од 15 витални сектори од домашната економија, меѓу кои: земјоделството, трговијата на големо и мало, угостителството и туризмот и други, со што во голема мера влијае врз заживувањето на целокупната економска активност во земјата.

„Формулата за ваквиот успех на Пивара Скопје не е никаква тајна. Тој е резултат на работата и на залагањата на генерации посветени вработени, на квалитетот и интегритетот на нашите производи, на целокупната поддршка што ја добиваме од двете глобални групации на кои им припаѓаме, Coca-Cola HBC и Heineken, и секако на довербата од нашите потрошувачи на кои веќе 93 години им ги нудиме најомилените безалкохолни пијалаци и пива на пазарот“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ. „Успехот на компанијата се должи и на силните партнерства што ги градиме со нашите соработници, бизнис-партнери, коморите, државата и нашите потрошувачи. И во иднина ќе продолжиме да вложуваме многу време, енергија и други ресурси во обезбедување одржлив раст на нашата компанија, со што дополнително ќе придонесеме за социо-економскиот развој и просперитетот на заедницата“, заклучи Радосављевиќ.

За придонесот што го има Пивара Скопје за развојот на домашната економија, од експертски агол, но и од аспект на институциите, говореше и заменик-министерот за економија Кире Наумов. „Со сите свои деловни операции, Пивара Скопје стимулира активности што се протегаат низ целокупниот синџир на вредности, поддржувајќи голем број компании, кои, пак, вработуваат, реализираат приходи и плаќаат даноци, со што се предизвикуваат позитивни ефекти во целокупната домашна економија“, изјави Наумов.

„Покрај влијанието што го има врз македонската економија, Пивара Скопје значително придонесува и за продлабочување на соработката во рамките на бизнис-заедницата, како и со државните институции и со другите организации. Сметам дека и во иднина, Пивара Скопје, како лидер во домашната индустријата за производство на пијалаци, ќе продолжи да дава силен придонес за развојот на македонската економија, бизнисите и општеството во целина, повторно и повторно победувајќи ги предизвиците на времето“, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакнувајќи ја улогата на Пивара Скопје во економијата и пошироко.

Посебен сегмент во Студијата за социо-економското влијание на Пивара Скопје е посветено на реализацијата на големиот број значајни општествено одговорни платформи и напорите за едукација и за подигање на свеста за теми што се исклучително важни за просперитетот на заедницата, во областите какви што се: здравјето и безбедноста, активниот животен стил, умерената и одговорна консумација на алкохол, јакнењето на местото на жената во општеството, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, како и стекнување знаења и вештини кај младите, со кои тие полесно ќе ги надминат бариерите при вработувањето или ќе отворат свој бизнис. Сето ова докажува дека одржливиот развој на заедницата на која припаѓа е основниот принцип на дејствување на Пивара Скопје.

Целата Студија за социо-економското влијание на Пивара Скопје е достапна на интернет-страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права