16.10.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ - МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ

16.10.2018 (Форум)
Бизнис форум на земјите од Западен Балкан - 18 октомври 2018 година, Талин, Р. Естонија

17.10.2018 (Семинар)
ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Бизнис-настани

29.10.2018 - 30.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ


Дводневен семинар:

Административно управување, водење деловна кореспонденција и односи со јавност, изработка и имплементација на процедури и работни кодекси во делот на архивско и канцелариско работење

29-30 октомври 2018 година
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

          Односите со јавноста во презентацијата на своите пораки користат канали на комуникација, со што освен економскиот аспект, треба да се истакне специфичноста на фирмите, каде општествените и економските мотиви се единствена целина. Во создавањето на таквата комуникација, насочена кон пазарот и јавноста, вклучени се сите промотивни активности, како и односите со јавноста, кои меѓусебно се дополнуваат во создавањето на целосна слика на пазарот и во јавноста. Во креирањето на пораките на односите со јавноста, потребно е познавање на техниките на комуникација, исто како и при обликувањето на пропагандните пораки. Притоа, односите со јавноста може да вклучат некои други промотивни елементи, користејќи ги на поинаков начин и за поинаква намена од нивната вообичаена.

          Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на деловен асистент и извршен асистент:

     •  Односи со јавноста како промотивна активност;
     •  Дефинирање на односите со јавноста;
     •  Односи со интерна и екстерна јавност;
     •  Планирање на односите со јавноста;
     •  Медиуми на односите со јавноста;
     •  Техники на односи со јавноста;
     •  Односи со јавноста во иднина;
     •  Интерна и екстерна комуникација во компанијата;
     •  Одговорности и овластувања и клучни функции;
     •  Комуникациски вештини на деловен асистент;
     •  Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија и во канцеларијата на врвното раководство.
 
Проток на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.

Програма на семинарот:


Улогата на деловниот асистент во односите со јавност (интерно и екстерно):
- Дефинирање на односите со јавноста;
- Одговорности и овластувања на деловниот асистент;
- Процес на управување, заштитата, чувањето, користењето и обработката на документи и записи;
- Односи со интерна и екстерна јавност;
- Управување на архивскиот и документарен материјал на јавен архивски и документарен материјал и приватен  архивски документарен материјал;
- Комуникациски вештини на деловниот асистент;
- Обезбедување конзистентност веродостојност, ц嬬ловитост и употребливост како основни карактеристики на документот/записот;
- Конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал;
- Управување на документи кои се од клучна важност за врвното раководство;
- Планирање и известување во процесите за односите со јавноста;
- Пишување на билтен за информирање со новостите од соработката;
- Пишување соопштение за печат и контакти со македонските медиуми;
- Press-clipping на теми од соработката; 
- Презентација на програмата на различни јавни настани.

Развој и извршување на комуникациска програма, дизајнирана за да се влијае врз разбирањето и прифаќањето на јавноста (документи/записи):
- Определување и оценување на ставовите на јавноста;
- Идентификување на политиките и процедурите на организацијата со јавен интерес;
- Прегледување и распоредување на документ/запис;
- Заведување на документот/записот;
- Доставување на документот/записот во работа;
- Административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на документот/записот;
- Разведување и класифицирање на документот/записот;
- Одлагање на решениот документ/запис во писарницата;
- Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
- Категоризација на архивскиот материјал.

Проток на документи во и надвор од компанијата (екстерна комуникација):
- Сортирање во документи и записи (регистри на документацијата);
- Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцаларија и во канцаларијата на генералниот директор;
- Квалитативно управување на домашните дописи и странските дописи за потребите на компанијата;
- Чување на документи/записи во изворен облик во кој се креирани, испратени, примени и архивирани, облик со кој изворната содржината не се менува;
- Имплементација на процедура за контрола на документи и контрола на записи;
- Креирање на план за реконструкција и обнова на податоците во случај на хаварија;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа.

Проток на приватен архивски и документарен материјал:
- Процес на управување на приватен документиран материјал во посед на приватни правни и физички лица;
- Обврски на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
- Вршење и определување на начинот на приемот, прегледувањето и распоредувањето на материјалот;
- Промет со приватен архивски материјал;
- Истражување, размена и изнесување на архивски материјал;
- Процес на реализација на документиран центар, прием и  времено чување на приватен архивски и документарен материјал.


Целна група:
Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси, односи со јавност и маркетинг менаџери; директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење.

Предавачи:
- м-р  Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент;
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 23 години искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување:  25.10.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права