22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

22.11.2018 (Инфо сесија)
Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва: старт-ап и спин- оф

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Бизнис-настани

18.10.2018 - 18.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ


 Еднодневен семинар на тема:

ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

18.10.2018 година (четврток)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Логистика е подрачје со најголем потенцијал за штедење и унапредување на работата на секоја компанија, без оглед на нејзината дејност, големина и пазарна позиција. Доколку компанијата ги намали логистичките загуби и трошоци  би остварила значајни заштеди, при тоа би ја унапредила и конкурентноста на своите производи и услуги на пазарот.

Цел на семинарот
Целта на овој семинар е учесниците низ предавањето и примерите, да се стекнат со потребните знаења за организирање на секторот логистика во својата организација со цел зголемување на организираноста и намалување на трошоците за логистика, како и намалување на флуктуацијата на работниците.

За кого е наменет семинарот? 
За сите оние кои се вклучени во управувањето со логистиката – раководители на логистика, менаџмент во транспорт, раководители во магацин, набавка и останати вработени во секторот за логистика и менаџментот на организацијата. 

Структура на семинарот – содржина: 
      
1. ШТО Е ЛОГИСТИКА?

   1.1. Дефиниција за логистика;  
   1.2. Логистички сервис;
   1.3. Логистика на производство;
   1.4. Логистика на трговија;
   1.5. Современи логистички провајдер-3PL, 4 PL. 
 
2. „MAKE OR BUY“- СТРАТЕГИЈА
   2.1. Основни принципи на логистика;
   2.2. Сопствена логистика и аутсорсинг. 
 
3. ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СЕКТОРОТ ЛОГИСТИКА 
   3.1. Транспорт; 
   3.2. Магацин; 
   3.3. Набавка.
 
4. УПРАВУВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ ВО СЕКТОРОТ ЛОГИСТИКА 
   4.1. Цели во секторот логистика;
   4.2. Работни позиции во секторот логистика. 
 
Предавач:

     Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.
Игор Ќика поседува петнаесетгодишно искуство со кое се стекнал на работното место директор на логистика во различни области („Застава“ – Сомбор - автомобилска индустрија, GENEL- бренд HOUSEL и застапник за бела техника од брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“ за Србија, „STAV“- овластен дистрибутер на „Samsung“ за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока  од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна гора – „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“. Организирал пост-продажна поддршка за брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“ во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година е ангажиран од страна на UNIDO (United Nations industrial developmend organization) како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC-гасови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 10.10.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права